1. Британските шпиони користеле сперма како невидливо мастило во Првата светска војна
Името на оваа високо рангирана воена интелегенција која го нарачала истражувањето кое требало да провери дали спермата може да биде ефективно мастило било “Mansfield Cumming.”
2. Мртвиот сперматозоид сепак може да оплоди јајце клетка
Во лабораториски услови научниците успеале да оплодат јајце клетка користејќи мртов сперматозоид. Наводно се што е потребно за да направи бебе е ДНК, жива или мртва.
3. При ејакулација се исфрлаат околу 200 милиони сперматозоиди
Речиси исто толку сперматозоиди исфрла и зајакот. Свињата од друга страна исфрла 8 билиони потенцијални свинчиња со секој оргазам.
4. Некои жени се алергични на семена течност
Оваа состојба се нарекува хиперсензитивност на семена плазма и предизвикува црвенило, потекување и чешање во вагиналниот предел.
5. Сперматозоидите се или машки или женски
Сперматозоидите во себе носат или женски X хромозом, или машки Y хромозом, но никогаш и двата. Овој хромозом подоцна го одредува полош на бебето. За машките сперматозоиди се вели дека пливаат побргу, додека пак за женските дека се посилни за време на долго смртоносно патување кон јајце клетката.
6. Поголем дел од сперматозоидите се абнормални
Многу од сперматозоидите имаат две глави или две опашки. Понекогаш нивната глава е енормна во однос на телото. Понекогаш нивните опашки се куси и криви. Според една веб страница дури 90% од сперматозоидите кои се ејакулураат се деформирани.
7. Сперматозоидите можат да преживеат до пет дена во вагината, во зависност од тоа колку е пријателски расположена
Во просек, сперматозоидите живеат околу 24-48 часа во вагината. Но ако киселоста на вагината е благопријатна можат да преживеат и до пет дена пред да исчезнат. Сперматозоидите на лилјаците пак можат да преживеат до 145 дена, што веројатно прави мажјаците лилјаци да се чувствуваат многу горди.
8. На сперматозоидите им требаат околу 75 дена за да пораснат во тестисите
Исто како што од мажите се очекува да направат пари, така се очекува и да произведат сперматозоиди, и тоа околу 1500 во секоја секунда. Во просек на малите пливачи им требаат околу два и пол месеци за да се развијат во мадното кесе, за потоа да бидат убиени за време на сесија гледање онлајн порно.
9. Мажите никогаш не престануваат да создаваат сперматозоиди
Иако жените прсстануваат да произведуваат јајце клетки по менопаузата, мажите континуирано произведуваат сперматозоиди во текот на целиот свој живот.
10. Лоша исхрана = лоша сперма
Ако мажот сака здраво бебе добра идеја е да ги остави цигарите, алкохолот и дрогите, и да се држи подалеку од сланина, сирење, крофни, кобасици, газирани пијалаци и сл.
11. Вишокот на килограми го намалува бројот и квалитетот на спермата
Ако Индексот на телесна маса на мажот е поголем до 25, во тој случај големи се шансите сперматозоидите да се побавни, помалку на број и помалку способни да го освојат златниот медал во пливање.
12. Спермата е добро козметичко средство
Состојата „спермин“ која се наоѓа во спермата е актиоксиданс кој делува против брчки и акни. Постојат дури козметички компании кои нудат кремови со оваа состојка.
13. Безжичната технологија може да ги оштети спертозоидите
WiFi конекцијата која ни овозможува да постираме на Фејсбук 24/7 потенцијално може да ги оштети и сперматозоидите и јајце клетките. Штетата ја нанесуваат радиофрекфентните електромагнетски бранови.
14. За добра сперма треба само едно јајце
Мажите кои имаат само еден тестис не треба да стравуваат, тие се уште можат да произведат квалитетна сперма и да се размножуваат.
15. Честото ејакулирање го подобрува квалитетот на спермата
Колку повеќе се исфрла, толку посилна и поквалитетна станува. Исто како со вежбањето.