Кога ја декорирате вашата спална соба, внимавајте на боите и нијансите кои ќе ги изберете. Според последните истражувања одредени нијанси на бои влијаат врз вашето расположение, несоница, емоционално расположение.
Сината боја (aqua blue; azure blue) делува смирувачки, може да ги намали отчукувањата на вашето срце и на крвниот притисок. Не е изненадувачки, повеќе од половина од луѓето со сини спални редовно се будат среќни.
Жолтата боја или како ја нарекуваат сончевата боја делува стимулирачки на нервниот систем и поттикнува релаксација.
Зелената боја е трета во палетата на бои препорачливи за спална соба бидејќи истата буди чувство на оптимизам.
Сивата боја може да има неочекуван ефект. Истата влијае мотивирачки врз љубовниот живот.
Нијансите на портокалова боја даваат топлина и создаваат опуштена атмосфера која помага во варењето на храната - особено ако сте јаделе обилна вечера. Оваа боја помага да се релаксираат мускулите на телото, што е од суштинско значење за добивање на сон за спиење.
Луѓето со виолетови спални се најмалку одморени од сите. Оваа боја влијае врз ментално стимулирање, што оневозможува да се исклучите после напорниот ден и потенцијално предизвикува живописни соништа или кошмари.
Темно кафената боја не е толку пријатна како што мислите - таа може да направи да се чувствувате изолирани, непријатно, и немирно.
Темно сивата боја исто така не е добар избор. Покрај своите мрачни конотации, луѓето со сива спални трошат најмногу време на интернет и шопинг во кревет, наместо на спиење.
Светло кафената боја е за романтичарите. Двојките кои спијат во спална соба со карамел декор имаат во просек секс три пати неделно.
И спротивно на популарното верување, црвена спална соба е всушност најлош избор за романса. Двојките со црвена спална соба во просек имаат секс само еднаш неделно.
Доколку сте склони да работите прекувремено, избегнувајте вашата спална соба да биде во бела или крем боја. Луѓето со крем или бела боја најмалку три пати неделно ја носат својата работа и работни обврски во кревет.
Златната боја за спална соба може да звучи клише, но банкари и други финансиски работници најчесто ставаат злато декор во својата спална соба.
Ви презентираме 50 идеи на бои и ентериер како да ја преуредите вашата спална соба. Внимавајте која боја ќе ја изберете.