среда, 14 декември 2016
Следете не на FACEBOOK!!!
мкденес / Бизнис вести / Регион / Аеродромот Никола Тесла во Белград ќе добие тераса за набљудување на авионите
Ви благодариме!

Аеродромот Никола Тесла во Белград ќе добие тераса за набљудување на авионите

Патниците на аеродромот Никола Тесла во Белград во иднина ќе може да уживаат на тераса на покривот, од каде што ќе може да ги набљудуваат авионите. Ова е опфатено со адаптацијата на Терминал 1 на аеродромот Никола Тесла во Србија.

Двата влеза на овој терминал ќе бидат затворени, но шалтерите за прием на патници и багаж, како и пасошката контрола ќе работат регуларно во текот на реконструкцијата, пишува Бизнис инфо.

 

“Ќе имаме вкупно 33 нови check in шалтери по реконструкцијата на зградата – 28 класични и пет self check in. Ги шириме капацитети бидејќи постојат реални потреби и на Air Serbia и на аеродромот“, изјави Саша Влаисављевиќ, вршител на должност генерален директор на аеродромот Никола Тесла.

Во адаптацијата е вклучен покривот, на којшто ќе има тераса, од каде што може да се набљудуваат авионите.

Може да ве интересира

Хорор: Санда А. со љубовник Албанец смртно ја претепала својата двегодишна ќерка (вознемирувачко фото)

Дека човечката бруталност и свирепост не познава граници го потврдува и случајот кој се случил …

Translate »