среда, 18 јануари 2017
Следете не на FACEBOOK!!!
мкденес / Миленици / Pet Friendly во Македонија / Акција (Pet Friendly Places): Димитар Атанасовски, водител - Македонците со зголемена свест за домашни миленици
Ви благодариме!

Акција (Pet Friendly Places): Димитар Атанасовски, водител - Македонците со зголемена свест за домашни миленици

Акција (Pet Friendly Places) – Познатите и нивните домашни миленици

Натпреварот за “НАЈТРЕНДИ МИЛЕНК ЗА 2016 година” заврши. Целта на истиот беше подигање на свеста за улогата на домашните миленици во нашите животи, за улогата на милениците во семејствата со децата и за нивната инклузија во општеството. За таа цел, сите пријавени учесници, но и оние кои сакаатда се вклучат се поканети на 20ти Јануари 2017година на дружба во акцијата за означување на “Pet Friendly Places”. Места каде може да влезете и престојувате со вашиот домашен миленик (организации, кафетерии, книжари, угостителски објекти, хотели, јавни установи, итн..)

Во оваа акција веќе ни се приклучија и неколку од познатите лица и општествено одговорни сограѓани. Истите ќе бидат објавувани до 20ти Јануари кога ќе може да се дружиме сите заедно. Ќе може да гласате и за нив и нивните миленици. За оние со најмногу гласови ќе следуваат изненадувања.

Наш соговорник е водителот Димитар Атанасовски кој во ова ексклузивно интервју за Македонија Денес ќе ни открие интересни детали за неговиот миленик Атос.

МД: Каков е вашиот однос кон домашните миленици, какво место има тој/таа во вашето семејство и од кога имате домашен миленик?

ДА: Односот повеќе го има Атос кон нас, отколку ние кон него. Тој не ни е домашно милениче, туку член на семејство, кој е рамноправен во се бидејќи буквално е третиран како човек во нашиот дом. А за возврат, добиваме интелегенција со која многу луѓе не може да се пофалат денеска. Атос го имаме од неговите 40 дена, а стар е 22 месеци. Препослушен и препаметен е и затоа мислам дека е незаменлив дел од мојот живот.

 

МД: Дали сте имале проблеми кога со вашиот миленик ќе влезете некаде во вашиот град или низ македонија? Дали ни недостасуваат места кои се пријателски за домашни миленици(кученца, мачиња, итн) повеќе “Pet Friendly Places”, каде можете да се дружите со ваши пријатели?

ДА: Дека ни недостасуваат повеќе такви мести, слободно ќе се согласам дека е така. Но, за воља на вистината, каде и да сум бил до сега, не ми правеле проблеми дека сме со Атос, освен во Грција, на јавна плажа кога ни викнаа полиција зошто Атос сакаше да плива во море (а тој ужива во вода). Низ Македонија, никој никогаш не ни кажал нешто, нити пак да ни прави проблем, што значи дека немам лошо искуство. Ама би сакал да ги поздравам сите оние кафулиња и ресторани кои на ниските температури низ нашава земја ги отворија вратите за кучињата скитници и ги згрижија, што покажува дека македонските граѓани имаат зголемена свест за тоа дека миленичињата се незаменлив дел од нашето општество.


МД: Опишете ни ја реакцијата на дечињата кога ќе ве видат со миленик, како реагират?

ДА: Не се само дечињата, туку сите оние кои се љубители на домашните миленичиња. Најчесто сакаат да го погалат Атос, да си поиграат со него, а тој е предружељубив и секогаш ја прифаќа играта. Најинтересна ситуација до сега, ми била кога мајката која се плашеше од кучиња избега од нас, а нејзината керќа која имаше не повеќе од 3 години се стрча кон Атос и почна да го гушка.

МД: Што ќе им препорачате на оние што немаат домашен миленик?

ДА: Би им препорачал да ги отворат вратите на своите домови и да си земат милениче, кое ќе им го разубави животот и ќе им ги исполни деновите, на начин кој ќе зрачи љубов и среќа (ова од лично искуство го кажувам).

 

Може да ве интересира

Трик со помош на кој вашето куче многу полесно ќе ги преживее петардите и огнометот (фото)

Бучавата од петардите и огнометот за кучињата може толку да биде застрашувачка што се во …

Translate »