Акција (Pet Friendly Places) – Познатите и нивните домашни миленици
Натпреварот за “НАЈТРЕНДИ МИЛЕНК ЗА 2016 година” заврши. Целта на истиот беше подигање на свеста за улогата на домашните миленици во нашите животи, за улогата на милениците во семејствата со децата и за нивната инклузија во општеството. За таа цел, сите пријавени учесници, но и оние кои сакаат да се вклучат се поканети на дружба во акцијата за означување на “Pet Friendly Places”. Места каде може да влезете и престојувате со вашиот домашен миленик (организации, кафетерии, книжари, угостителски објекти, хотели, јавни установи, итн..)
Во оваа акција веќе ни се приклучија и неколку од познатите лица и општествено одговорни сограѓани. Истите ќе бидат објавувани кога ќе може да се дружиме сите заедно. Ќе може да гласате и за нив и нивните миленици. За оние со најмногу гласови ќе следуваат изненадувања.
Наш соговорник е Дарко Петковски - Студио Алур кој во ова ексклузивно интервју за Македонија Денес ќе ни открие интересни детали за животот со неговиот миленик Макс.
МД: Каков е вашиот однос кон домашните миленици, какво место има тој/таа во вашето семејство и од кога имате домашен миленик?
Дарко Петковски: Релацијата е љубов во најчиста форма, не зборам само за домашните миленици, туку генерално за сите животни. Конкретно моето куче е на врвот на хиерархија на битни личности во мојот живот. Го гледам низ призма на личност, пријател, а се дружиме веќе 4 години.
МД: Дали сте имале проблеми кога со вашиот миленик ќе влезете некаде во вашиот град или низ Македонија?
Дарко Петковски: Проблеми во форма на рестрикции насекаде. Од превоз односно такси, до локали каде животните не се добредојдени. Не само јас, верувам и сите сопственици на миленици се соочуваат со овој секојдневен проблем која за жал стагнира односно нема никаков напредок за негово решавање.
МД: Дали ни недостасуваат места кои се пријателски за домашни миленици(кученца, мачиња, итн) повеќе “Pet Friendly Places”, каде можете да се дружите со ваши пријатели?
Дарко Петковски: Апсолутно ни се потребни такви места. Дотаму повеќе што мислам дека такви места се исклучиво круцијални за физичка, социјална интеракција на милениците. Низ целиот свет постојат, егзистираат и се шират таквите локали, а кај нас се уште се табу тема. Секоја чест на ретките исклучоци.
МД: Опишете ни ја реакцијата на дечињата кога ќе ве видат со миленик, како реагираат?
Дарко Петковски: Реагираат со сите стила. Среќата е од невидени размери. Се случува една преубава интеракција од еуфорија, трчање, смеење, љубов и дружење.
МД: Што ќе им препорачате на оние што немаат домашен миленик?
Дарко Петковски: Нормално да си набават животинче соодветно на просторот во кој живеат. Разликата со и без миленик е драстична. Со миленик добивате пријател, вистински пријател, константна радост, љубов, една сосема поинаква енергија, простор исполнет со хармонија, кои моменти кои претходно не сте ги доживеале, алтер его.