сабота, 14 јануари 2017
Следете не на FACEBOOK!!!
мкденес / Миленици / Pet Friendly во Македонија / Акција (Pet Friendly Places) - Весна Бејби Мама: Кучето не ме има гризнато, но луѓето да!
Ви благодариме!

Акција (Pet Friendly Places) - Весна Бејби Мама: Кучето не ме има гризнато, но луѓето да!

Акција (Pet Friendly Places) – Познатите и нивните домашни миленици

Натпреварот за “НАЈТРЕНДИ МИЛЕНИК ЗА 2016 година” заврши. Целта на истиот беше подигање на свеста за улогата на домашните миленици во нашите животи, за улогата на милениците во семејствата со децата и за нивната инклузија во општеството. За таа цел, сите пријавени учесници, но и оние кои сакаатда се вклучат се поканети на 13ти Јануари 2017година (одложен за 20ти Јануари Петок поради студеното време) на дружба во акцијата за означување на “Pet Friendly Places”. Места каде може да влезете и престојувате со вашиот домашен миленик (организации, кафетерии, книжари, угостителски објекти, хотели, јавни установи, итн..)

Во оваа акција веќе ни се приклучија и неколку од познатите лица и општествено одговорни сограѓани. Истите ќе бидат објавувани до 20ти Јануари кога ќе може да се дружиме сите заедно. Ќе може да гласате и за нив и нивните миленици. За оние со најмногу гласови ќе следуваат изненадувања.

Наш соговорник е супер познатата и мила актерка, писателка, мајка, голем хуманитарец и неповторлив уметник Весна Бејби Мама Петрушевска кој во ова ексклузивно интервју за Македонија Денес ќе ни открие интересни детали за нејзините четири миленици за кои вели дека се вистински привилегирани суштества во нејзиниот дом.

МД: Каков е вашиот однос кон домашните миленици, какво место има тој/таа во вашето семејство и од кога имате домашен миленик?

Весна Бејби Мама: Јас имам миленик од моментот кога сум родена. Не се сеќавам на период од мојот живот кога сум немала куче покрај себе. Воспитана сум со родители кои сакаат животни, дури и во времето кога во Скопје многу ретко имаа домашни миленичиња, мајка ми купуваше “Ирски сетер” и “Пекинезер” од Србија. Моите кучиња кои сега се на број четири се вистински привилегирани суштества во мојот дом. Имаме две Ши Тцуа Аби и Ума, Јоркширски териер Хана која е сопственост на Мина и од неодамна Мопс Ноа кој пак се зближи со Кирил многу. Јас разговарам со тие мали суштества, нивната љубов е посебна и да, ние што чуваме животни сме посебна каста луѓе.

МД: Дали сте имале проблеми кога со вашиот миленик ќе влезете некаде во вашиот град или низ Македонија?

Весна Бејби Мама: Генерално знам дека има проблем насекаде кога ќе ве видат со куче, некои си дозволуваат под брк да коментираат како има деца па сега и кучиња на ист квадратен метар и во суштина знам дека се работи за ограниченост на умот и немање култура на живеење, но не сакам конфликти. Знам дека би било прекрасно да може да се шетаме слободно, но сигурна сум дека ќе ни треба уште многу време.

МД: Дали ни недостасуваат места кои се пријателски за домашни миленици (кученца, мачиња, итн) повеќе “Pet Friendly Places”, каде можете да се дружите со ваши пријатели?

Весна Бејби Мама: Секако дека недостасуваат, да имаш каде да се напиеш кафе, да јадеш, да читаш книга на раат. Ја поздравувам оваа приказна и дај боже да се отворат вратите за нашите мили души. Онаа старата реплика на Мерлинка важи сеуште: “Kучето не ме има гризнато, но луѓето да”!

МД: Опишете ни ја реакцијата на дечињата кога ќе ве видат со миленик како реагират?

Весна Бејби Мама: На Кирил и Мина им е природно да има насекаде животни и кога се шетаме низ град на уличните кучиња трчаат да им дадат храна, покажуваат неверојатна емпатија, ги галат и не се плашат затоа што знаат дека нема да ги повредат.

МД: Што ќе им препорачате на оние што немаат домашен миленик?

Весна Бејби Мама: Со сила не можеш никој да натераш да чува миленик по дома. Но јас знам една работа, низ најтешките моменти и премрежја од мојот живот сум ги поминувала со тие цврцковци, тие милни очи, тие опавчиња, тие шепиња кога ќе те гушнат нема поубаво. Минатото лето ми умре легендарниот Аце, имаше 19 години. Што мислите како толку долго? Само со љубов никако поинаку. Да не зборувам за дете кое има одговорност да прошета куче, да се погали, да се грижи, а кога си болен се тука да те стоплат. Кога ние одиме на одмор, услов е на море да имаме апартман покрај море и да сакаат кучиња, тука Мирче Савана ми помага многу и така си одиме на одмор. Ние тројца и 4-те кучиња, има ли поубаво? Моите не се агресивни, мирни се, спокојни и сакаат книги. Легнуваат точно на страната на која си застанал, неверојатно ама вистинито. И кога бев многу болна не се одлепуваа од мене. Мене кученца ми се слабост и возможно е да сум била некој лабрадор во минатиот живот.

Хана Јокшир

 

Аби Ши Тцу ака Киро Г

 

Ума жена му Аби ака Нада Г

 

Ноа - Господин пензионер не користи ЈСП услуги..

 

 

Translate »