Ризичниот капитал е извор за финансирање за нови бизниси. Инвеститорските пари кои се дел од фондот на ризичниот капитал се даваат како кредит за стартување на компании и мали бизниси кои би имале долгорочен потенцијал за раст. Ова е многу важен извор на финансирање на стартапи кои немаат пристап до друг капитал, а тоа обично повлекува висок ризик (и потенцијално високо враќање) за инвеститорите.
Повеќето од ризичниот капитал доаѓа од групи на богати инвеститори, инвестициски банки и други финансиски институции, кои ги здружуваат такви инвестиции и партнерства .Оваа форма на збирање на капитал е популарен меѓу нови компании или здруженија, со огранична оперативна историја која не може да се подигне капитал поради должнички или сопственички придонес. Често, фирмите кои располагаат со ризичен капитал, исто така, ги обезбедуваат стартапите со менаџерска или техничка експертиза. За претприемачите, луѓето кои располагаат со ризичен капитал се витален извор на финансирање, но често, готовината доаѓа со висока цена. Фирмите кои раководат со ризичен капитал често земаат голем дел од акционерскиот капитал во замена за направеното финансирање, а може и да побараат даимаат својпретставник вораководниот одбор на самиот стартап.
Фази на инвестирање на ризичен капитал
Ангел инвеститорите најчесто се јавуваат како физички лица (пријатели, роднини или претприемачи) кои сакаат да им помогнат на другите претприемачи да нивниот бизнис почне со работа - и да заработат висок поврат на нивната инвестиција. Терминот “ангел” доаѓа од почетокот на 1900, кога богати бизнисмени инвестирале во Бродвеј продукции. Обично тие се мостот од само-финансирана фаза на бизнис до степенот каде еден бизнис има потреба од ризичен капитал. Ангел финансирањето обично се движи од $150,000 до $ 1,5 m.
1.Seed – Првата фаза на финансирање на ризичен капитал. Финансирањата во оваа фаза се често релативно скромни износи на капитал, кои се понудени на пронаоѓачи или претприемачи со цел да го финансираат раниот развој на нивниот нов производ или услуга. Овие рани финансирања можат да бидат насочени кон развој на производи, истражување на пазарот, градење на менаџерски тим и развој на бизнис план.
Вистинска seed - фаза компанија обично се уште нема утврдено комерцијално работење – дотурот на пари за финансирање на континуираното истражување и развој на производ е од суштинско значење. Овие рани компании обично се доста тешки бизнис можности за финансирање, често барајќи капитал за R&D уште пред стартување на самата компанија, развој на производи и тестирање, или дизајнирање специјализирана опрема. Почетна seed инвестиција направена од страна на професионална VC фирма обично се движи од $250.000 до $1 милион евра.
VC средствата во seed-фазата обично учествуваат во подоцнежните инвестициски круга со други инвестициски играчи, кои ги финансираат трошоците за експанзија во бизнисот, како што се продажба и дистрибуција, делови и инвентар, вработување, обука и маркетинг.
2.Early Stage –Компаниите кои се во можност да започнат со работа, но се уште не се во фаза на комерцијално производство и продажба, early stage фазата на финансирање ја поддржува можноста за надоградба на способностите на компанијата. Во овој момент, нов бизнис може да конзумира огромни количини на пари, додека VC фирмите со голем број на компании во рана фаза во нивните портфолија може да видат брза ескалација на трошоците.
- Start-up –Претставува поддршка за развој на производи и почетен маркетинг. Start-up финансирањето обезбедува средства за компаниите за развој на производи и почетен маркетинг. Овој тип на финансирање обично се дава на компании кои штотуку се организирани или на оние кои се во бизнис кратко време, но се уште ги немаат продавано своите производи на пазарот. Општо земено, таквите фирми веќе имаатсобрано менаџерски тим, имаат подготвено бизнис план и имаат направено истражување на пазарот. Во оваа фаза, бизнисот ги гледа првите приходи, но допрва треба да покаже профит. Овај период е често кога компанијата ги носи своите први надворешни инвеститори.
- First Stage -Капиталот е предвиден да иницира комерцијално производство и продажба. Повеќето first-stage компании се вобизнис помалку од три години и имаат производ или услуга во процес на тестирање или пилот производство. Во некои случаи, производот може да биде комерцијално достапен.
3.Formative Stage –Финансирањето вклучува seed stage и early stage.
4.Later Stage –Капитал обезбеден после комерцијалното производство и продажба, но пред било каква иницијална јавна понуда. Производот или услугата е во производство и е комерцијално достапна. Компанијата покажува значителен раст на приходите, но може но и не мора да прикажува профит. Таа е обичново бизнис повеќе од тригодини.
- Third Stage –Капитал предвиден за голема експанзија, како физичко проширување на фабриката, подобрување на производот и маркетинг.
- Expansion Stage –Финансирањето се однесува на втората и третатафаза.
- Mezzanine (мост) –Го финансира процесот на излегување во јавност и претставува мост помеѓу ширење на компанијата и ИПО.
5.Balanced-stage – финансирањето се однесува на сите фази, од seed до mezzanine.