Тоа што во Лондон им го олесни животот на младите родители, наскоро би можело да стане хит во светот. Апликација со назив Babee on Board се покажа како многу корисна направа во секојдневниот живот и ситуациите, како што е возење со автобус.
Имено, оваа апликација им го свртува вниманието на сите во јавниот превоз дека во возилото влегла бремена жена. Додека бремените жени имаат опција за барање место (Request Seat), останатите патници ја имаат опцијата понуди место (Offer Seat), со што се надминуваат сите можни непријатни ситуации во јавната комуникација.