Британската мисионерка која го загуби животот негувајќи ги ранетите битолчани - Македонија Денес

Британската мисионерка која го загуби животот негувајќи ги ранетите битолчани

Facebook Twitter Pinterest Linkedin Google + Email
Опомена!!!

Катарина Мери Харли Френч е британска мисионерка која го загуби животот негувајќи ги ранетите битолчани за време на Првата светска војна.

Катарина Мери Харли Френч е родена на 3 мај 1855 година, три месеци по смртта на нејзиниот татко. Нејзиното детство било изнемоштувачко поради лошото здравје на нејзината мајка која починала на нејзини 10 години со што Катарина практично останува сираче. Како би ја разбрале во целост големината на Катарина Мери Харли Френч прво треба да се запознаеме со нејзиното семејство и минато. Таа била едно од мноштвото деца на командантот на британската Кралска морнарица Џон Трејси Вилијам Френч и неговата сопруга Маргарет.

Братот на Катарина е Федмаршалот Џон Дентон Пинкстон Френч [1852 - 1925] кој од страна на англискиот Крал Џорџ V во 1913 година бил назначен за командант на копнените сили на Обединетото Кралство, за во 1916 година да биде назначен за главен командант на сите вооружени сили на Англија а во време на војната за независност на Ирска во периодот 1919 – 1922 година да биде и именуван за вице Крал на Ирска во името на Британската круна.

Титула Федмаршалот кралското семејство ретко доделувало во богатата историја на Обединетото Кралство и како за компарација моментално носител на истата е само принцот Филип, сопруг на Кралицата Елизабета II како Федмаршалот на воените сили на Нов Зеланд.

Сестрата на сер Џон Френч, Шарлот Депард [1844 - 1939], тетка на Катарина исто така била видна личност од општествениот живот која се борела на многу полиња а особено се истакнала во активизмот за правата на жените да гласаат и бидат дел од политичките функции во Англија. Својот активизам често го “плаќала” со притвор од кој најпознат во лондонските кулоари е нејзиниот протест пред “Даунинг стрит” број 10, позната и како резиденција на премиерот на Англија во 1909 година на 19 август истата година кога го запознава Махатма Ганди и ја проучува неговата теорија за пасивен отпор кон општествените уредувања. Шарлот доживеала да види жени на сите општествено политички функции и била активна се до својата смрт на 95 години старост.

Во Лондон има три улици а во Англија неколку воени школи кои го носат името на сер Џон Френч но и две кои го носат името на неговата радикална сестра Шарлот.

Катарина била на средина меѓу нејзиниот брат кој бил послушник на круната и нејзината сестра која била бунтовник и револуционер но и хуманитарка, феминистка и борец за женските права и слободи во “машка” Англија. Од тие причини по смртта на нејзините родители по краткиот престој во интернат отпатувала во Индија каде останала со својата сестра Меги. Во Индија се омажила веќе “традиционално” за воено лице под името Џорџ Ернест Харли кој починал 1907 година а со кого имаа три деца, Фиренца, Џулијан и Едит.

По враќањето во Англија и смртта на нејзиниот сопруг започнува нејзиниот активизам на хуманитарно но и феминистичко поле па со својата сестра Меги ја формираат Националната унија на жените за правата на жените во 1910 година. Следните 1913 и 1914 година огранизира масовни говори во Хајд Парк во Лондон на име права на жените но без радилани примеси само со барање на право на глас.

Но организацијата која ја основаа Катарина и нејзината сестра Меги со избувнувањето на Првата светска војна во рок од седум дена откако Велика Британија прогласи војна преминаа во огранизација на хумана поддршка на воените сили на Англија но и барање за рамноправно учество на жените во отслужувањето на воениот рок.
Во една пригода од парламентот на Англија од неинформиран член била јавно запрашана во чие име ги поставува барањата и жените да имаат еднакви права да ја браната нацијата. Катарина одговорила “Меѓу другото го прашувам ова и во името на мојот брат, него го знаете, сега ме знаете и мене, колку е тој силно потребен на способните мажи на фронтот толку сум и јас потребна на способните жени” по што настанал молк.

Но како не добива дозвола, се активира преку лигата на Шкотски женски болници кои биле формирани како специјални единици при војската кои поставуваат мобилни болници за цивилното население, најчесто жени, деца и стари лица. Првата активност на терен ја има во Франција каде за неполни шест месеци поставува десетина болници.

Но во 1915 година нејзината единица е повикана во Солун на Солунскиот фрон. Единицата патувала до Марсеј на југот на Франција со специјално нарачан воз по што со брод патува за Солун. По пристигнувањето Катарина прво формира болничка единица во Гевгелија како Солун не е безбеден град. Од објект кој приизведувал свила за две недели издигнала цело болничко одделение за ранетите француски војници. За овие активности Катарина ги добила сите воени и цивилни почести во името на граѓаните на Република Франција.

Нејзиниот немирен дух да им се помогне на невиното цивилно население, а не само на војниците предизвикуваат револт во 1916 година по што Катарина поднесува оставка на сите функции и се враќа во Англија но набргу добива специјална дозвола да формира болници за цивилното население и се враќа на Балканот со нејзината ќерка Едит.

Првата болница ја формираат во Острово во септември 1916 година но Катарина конечно добива се што бара па раководи не само со цело болничко одделение туку и со шест амбулантни возила, два камиони за испорака, мобилна кујна и голем персонал. Во рок од осум недели од отворањето нејзината болница згрижила над 400 повредени. Но поради тешките услови за работа и недостигот на дисциплина кај персоналот по инспекција од Шкотските женски болници, Катарина и нејзината ќерка се согласуваат да поднесат оставка и да започнат одново. Во ноември 1916 година овој пат во Монастир денешна Битола доаѓаат Катарина и Едит. Градот бил во хаос. Како бил главен град бил под постојани бомбардирања но и гранатирања со гасни бомби. И сојузничките сили ја прифатиле Битола како свој свој главен воен команден штаб.

Онаму каде сите гледаа беда Катарина и нејзината ќерка Едит гледаа можност да помогнат па изнајмуваат самостојно куќа во центарот на Битола. Во прво време основаат сиропиталште кое го финансираат сами а подоцна и болница која се грижи за жртвите и ранетите граѓани на Битола, претежно деца, жени и стари лица. Со нејзиниот активизам и хуманизам се претпоставува дека за неполни четири месеци им помогнала на над 5.000 битолчани.

Катарина започнала да добива донации за својот активизам од Англија, Америка, Индија и Австралија и тие се проценува дека достигнале сума од над 1 милион американски долари. Но импозантен податок е и дека Катарина во тој период има 62 години и не престанува со 18 часовното работно време како негувателка, медицинско лице и организатор на целата активност на болницата но и медицинските станици кои се распоредени насекаде низ Битола.
На 7 март 1917 година во 17 часот во задниот двор од болницата додека го пие својот чај, ја замолила својата ќерка да и донесе уште еден. Додека Едит влегла во куќата врз градот се формирал облак од гранати кои при бомбардирањето ја убиле и Катарина.Како во Битола немало можности да се изврши погреб со сите воени и цивилни почести на Катарина, нејзиното тело е однесено во Солун каде е и нејзиното вечно почивалиште, а нејзината ќерка Едит се враќа во Битола каде ја продолжува работата на својата мајка се до крајот на војната.

По нејзината смрт е формиран меморијален фонд и болница под покровителство на Круната на Англија и се основа “Медалот Катарина М. Харли, за ефикасност при медицинска обука”. Споменот на Катарина останал а болницата во Лондон во 1977 година е преуредена и во неа е отворен трговски центар.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »