среда, 28 декември 2016
Следете не на FACEBOOK!!!
мкденес / Интервју / Стартап заедница / Codefest - Интернационално препознатлив Made in Macedonia настан
Ви благодариме!

Codefest - Интернационално препознатлив Made in Macedonia настан

Стартап Зона е организација која со фокусира на тоа да ги слушне идеите на младите луѓе, да им помогне да ги реализираат истите и да ги преточат во успешни стартап приказни. Исто така, организацијата работи и со млади луѓе кои сакаат индивидуално да напредуваат и да ги развијат своите лични и професионални вештини. Самата организација функционира како „стартап за стартапи“.

Пред околу 5 години кога започнавме со нашите активности преку настанот Codefest, бевме едни од малкуте вакви настани кои конкретно се фокусираат на млади луѓе, на студенти, и сакаат да им овозможат да работат на своите идеи. До денес имаме повеќе успешни приказни и горди сме на тоа што настанот за кратко време стана интернационално препознатлив и што е Made in Macedonia.

МД: Што претставува CodeFest?
СЗ:
Codefest Tech Festival e тридневен настан кој собира на едно место претставници на сите важни чинители на технолошкиот екосистем во Македонија и регионот, поддржан од професионалци од странство кои носат некои од нивните успешни работни практики. Настанот е еден вид „прослава, празник на технологијата“ и има за цел да го забрза нашиот технолошки развој преку создавање на иновативни продукти со странска експертска помош. Настанот е составен од 3 делови: Codeference, еднодневна конференција со меѓународни говорници со фокус на технологија и стартапи, Codefest Marathon, познат како 32-часовен натпревар во развој на креативни и иновативни решенија, и CFX-Business Expo на кое учество земаат технолошките бизниси и претставници од индустријата со свои експо штандови во рамки на настанот.

МД: По кој пат овој настан се организира кај нас?
СЗ:
Настанот по петти јубилеен пат ќе се одржи во април 2017 година во Охрид.

МД: Кој се може да учествува на настанот?
СЗ:
Codefest Tech Festival е отворен за учество на сите љубителни на технологијата, професионалци, freelancer-и, ентузијасти, студенти и јуниори. Конференцијата покрива доста интересни теми и е примамлива за целата технолошка публика. Codefest маратонот од оваа година покрај што како и претходно ќе биде достапен за студенти и за јуниори, ќе биде отворен за прв пат и за професионалци кои исто така ќе можат да се натпреваруваат. Со ова одговараме на барањата на технолошката индустрија за аквизиција на таленти, иновативни решенија и тимови. Истовремено тоа значи и поголемо присуство на претставници од технолошката и бизнис индустријата.

МД:Колку странците се заинтересирани за настан од ваков тип?
СЗ:
Од самиот старт на настанот добиваме организациска поддршка од странски компании и експерти. Ја имавме честа досега на настанот да се појават компании како Adobe, Microsoft, Facebook, Google, CommerzGroup, итн. Присуството на странски компании и нивната поддршка кон настанот имаше и големо влијание на неговиот раст, како и на дел од приказните кои произлегоа од настанот.

МД: Дали можете да наведете неколку успешни проекти кои произлегле од овој настан?
СЗ:
Повеќе проекти беа забележани и понатаму поддржани за да се доразвијат, а произлегоа од настанот. Неколку стартап тимови кои веќе успешно работат исто така се формираа низ годините на настанот. Тимот Developer Case веќе неколку години успешно работи како стартап. Исто така, основачите на апликацијата Now Park.me се тим кој претходно со други идеи учествуваше на Codefest. Денес функционираат под името NCS. Минатогодишните победници на настанот моментално се подготвуваат да ја пуштат во употреба нивната апликација Резервирај.мк и се доста активни на нашата стартап сцена после настанот. Ова се само дел од проектите и тимовите кои после Codefest го најдоа својот пат до пазарот и го работат тоа што им е пасија. Среќни сме кога гледаме дека Codefest има вакво влијание врз нашиот екосистем и се надеваме дека ќе продолжи во нагорна линија.

Translate »