вторник, 31 јануари 2017
Следете не на FACEBOOK!!!
мкденес / Забава / Патување / Coober Pedy! Град за кој малку се знае: Илјадници луѓе живеат под земјата (видео)
Ви благодариме!

Coober Pedy! Град за кој малку се знае: Илјадници луѓе живеат под земјата (видео)

Целиот град Coober Pedy, кој е дом за илјадници луѓе, лежи скриен во австралиската пустина под тони песок и дефинитивно е еден од најинтересните места на светот.

Coober Pedy се наоѓа на југот на Австралија, Основан е во 1915 година кога таму биле откриени рудници на опал. Но поради тоа што било премногу топло, луѓето почнале да живеат под земјата.

Додека биле во рудниците под земјата им било пријатно, но по излегувањето надвор, не можеле да ја издржат жештината. Затоа решиле старите рудници да ги претворат во свои домови. Денес во Coober Pedy живеат повеќе од четири илјади луѓе, а има и неколку подземни хотели, трговски центри, музеи и цркви. Куќите се еднакво модерни како и оние над земјата. Coober Pedy стана и туристичка атракција.


Може да ве интересира

Потребни ви се само две минути да ставите синџири за снег(видео)

Сигурно веќе знаете за да возите автомобил во зимски услови, кога на патиштата има снег …

Translate »