четврток, 10 ноември 2016
Следете не на FACEBOOK!!!
мкденес / Интервју / Образование и академска заедница / Да научиме: Интерент сервис за индивидуална помош при учење со искусни подучувачи во домашни услови
Ви благодариме!
данаучиме

Да научиме: Интерент сервис за индивидуална помош при учење со искусни подучувачи во домашни услови

Да научиме е единствена веб страна која овозможува онлајн услуги со ваков вид на дејност. Нашата визија е да отвориме таканаречен пазар на давање на приватни часови и да им овозможиме на учениците да дадат свое мислење за подучувачите, со што би ја подигнале нивната репутација во рамките на оваа комплексна и карактеристична дејност.
Да научиме е интерент сервис за индивидуална помош при учење со искусни подучувачи во домашни услови.
Да научиме е веб страна која е замислена да ја опфати цела Македонија и нуди услуги меѓу оние кои бараат и оние кои даваат приватни часови. Потребата за овој тип на услуга во Македонија постои одамна и постојано е во пораст. Во пораст е бројот на оние кои бараат одговорен приватен подучувач со кој би можеле да одржат часови во домашни услови.
МД: Од каде се роди идејата за еден ваков проект како што е да научиме?
ДН: Идејата настана од алтруистички причини – имавме желба да направиме нешто за големиот број невработени просветни работници. Од таа причина, создадовме платфомра која ги поврзува учениците и професорите, целосно бесплатна. Потоа ја создадовме првата македонска младинска картичка за попусти и поволности со која сите млади на возраст од 14 -30 години можат да имаат константни попусти во над 100 локали. За неполна година, Да Научиме го создаде својот Едукативен центар кој нуди курсеви по странски јазици во Скопје, со акцент на курсеви за изучување на странски јазици во Италија, Франција, Шпанија, Германија, Малта, Грција и од следната година и Португалија.

МД: Какви беа првичните реакции на корисниците и колку тие допринесоа кон понатамошниот развој и промоција?
ДН: Имавме неколку видови на корисници. На самиот почеток, имавме платформа за приватни подучувачи, така што наши корисници беа подучувачи кои бараа работа, како и нивните ученици. Тогаш имавме посредничка улога, без мешање во нивната работа. Бевме иновативни, бидејќи ваков вид на услуги не постоеше во Македонија, така што само претпоставивме дека се прочуваме како уникатни кои нудат услуга од тој вид. Потоа, следуваше првата македонска младинска картичка за попусти, каде имавме малку по активна улога. Многу ни значи мислењето од нашите клиенти, бидејќи не веруваме во вложување во маркетинг, туку во позитивни зборови за нас. Тоа ни е од круцијално значење при организирањето на зимски и летни курсеви во странство како и при одржувањето на часовите во нашиот едукативен центар. За време на патувањата, се трудиме да стекнеме доверба кај родителите кои ги испраќаат своите деца во странство и не би сакале таа доверба да ја изгубиме. Во врска со часовите по странски јазици, имаме стандарди за квалитет кои ги гарантираме, но сакаме да бидеме искрени и да ги советуваме нашите ученици дека учењето на јазик зависи исто така и од нив, од нивната мотивација и желба.

МД: Колку време постоите и какво е вашето искуство со овој проект?
ДН: Да Научиме е основана на 02.01.2013-та година. Бележиме константен пораст, а што се однесува на нашите падови, вообичано станувало збор за разочарување заради тоа што нешто не се завршило подобро. На почекот бевме доста неискусни, нашите цели беа многу амбициозни и често нереални. Со тек на време, станавме подобри во предвидување на идната состојба. Се надградивме во секоја смисла на зборот – остваривме многубројни контакти и ја прошетавме речиси цела Европа, така што сметаме дека се збогативме културно, духовно и социјално. Би морала да нагласам како работата со луѓето е многу убава, но и доста тешка. Нашите патувања бројат по четириесетина луѓе по локација и многу е тешко сите да бидат задоволни, имајќи на ум дека станува збор за четириесетина различни карактери.

МД: Дали во иднина планирате некои надоградувања на идејата?
ДН: Да, имаме претприемачки настроен ум и постојано сакаме да се шириме и да напредуваме. Продолжуваме во правец на образование, меѓутоа би сакале да ве изненадиме и да дознаете за нашиот нов проект од прва рака штом го лансираме.

Translate »