понеделник, 24 октомври 2016
Следете не на FACEBOOK!!!
мкденес / Спорт / Дали сте слушнале за AQUAPHYSICAL тренинг?(видео)
Ви благодариме!

Дали сте слушнале за AQUAPHYSICAL тренинг?(видео)

Аквафизикал (aquaphysical) е нов начин на вежбање кој од скоро време почна да се применува. Тренингот се одржува во базен, ама не во вода, туку на вода. Има посебен душек кој се вика Aquabase, направен да ви го овозможи најдобриот тренинг на вода. Неговата функција е едноставна. Со помош на него ќе успеете да останете на вода и да не потонете, но затоа ќе мора малку повеќе да се потрудите.

Aquaphysical вежбите се многу потешки затоа што треба да се одржува рамнотежа и стабилност на телото затоа што сте на душек и на вода. Тоа значи дека многу повеќе ќе треба да се трудите околу класичните вежби како што се склекови, скокање, клекнување и други. Со оглед на тоа дека ќе бидете на нестабилна површина, вашата рамнотежа ќе мора да биде совршена, а за тоа ќе ви биде потребен сериозен тренинг.

За многу краток период овој начин на тренирање стана многу популарен, луѓето кои почнаа да се занимаваат со овој вид вежби велат дека за многу краток период постигнале прекрасни резултати, но и дека тренинзите се многу напорни.

Погледнете како изгледа еден ваков тренинг:

Facebook Comments

comments

Може да ве интересира...

Ова момче (16) е најмладиот милионер на турнирот Dota 2 (фото)

Сајед Сумаил Хасан (16) кој од Пакистан се пресели во Илиноис сакајќи да го ствари …