И за оваа песна Димитар соработуваше со проверениот братсо-сестрински тандем: Лазар и Магдалена Цветкоски, кои се потпишуваат како автори на музиката, аранжманот и текстот, а мастерингот го направи Раде Врчаковски – Врчак.
Лазар ги отсвири и гитарата и басот, Магдалена заедно со Димитар ги отпеа и придружните вокали, а мелодијата е збогатена и со звуците од хармониката на Јован Василевски.
Видеозаписот на Димитар во главните улоги ги има Ненси и Дарко, брачна двојка од Копенхаген, Данска.
Како звучи и изгледа сето тоа, можете да погледнетево продолжение.