среда, 15 февруари 2017
Следете не на FACEBOOK!!!
мкденес / Бизнис вести / Свет / Еве колку му вредите вие на Фејсбук!
Ви благодариме!

Еве колку му вредите вие на Фејсбук!

Вие вредите околу 16 долари годишно на Фејсбук!

Ова е според извештајот кој компанијата го издаде за нејзината заработка од третиот квартал оваа година, низ кој на виделина излегуваат просечните заработки на Фејсбук од едно лице низ светот како и регионално.

Луѓето кои го користат Фејсбук во САД и Канада и вредат на компанијата значително повеќе отколку просекот на остатокот од светот. Фејсбук ги проценува луѓето од овие земји на околу $15.65 секој во третиот квартал на 2016. Тоа би значело дека е некаде $62 годишно од една личност ако истиве бројки ги искористиме за целата година. Бидејки Фејсбук најголемиот дел од заработката го добива преку рекламите, овие суми всушност рефлектираат колку тоа компанијата прави преку тие реклами кои ви ги прикажува.

Трендовите на рекламирање се менуваат сезонски, така што годишните претпоставки не се совршени. Четвртиот квартал на пример, скоро секогаш е најдобар кога станува збор за рекламирањето благодарејки на рекламите кои самите бизниси ги креираат за време на празниците. Но просекот би требало да биде многу близу до нормалната сума.

Еве колку Фејсбук заработува од една личност во секој регион, на годишно ниво, базирано на бројките кои компанијата ги презентираше во третиот квартал:
Светот: $16.04
САД $62.60
Европа: $18.88
Азија-Пацифик: $7.56
Остатокот од светот: $4.84

Може да ве интересира

Бизнисмените веруваат дека глобалната економија во 2017 година ќе биде подобра

Повеќе од половината или 52% од генералните директори на компаниите низ светот веруваат дека глобалната …