МД:Со што се занимава вашата компанија/стартап?
FC:Нашата компанија/стартап се занимава со изработка на мобилни и вебсајт апликации, мегу кои ние ја изработивме FootballChat апликацијата. Апликацијата ги поттикнува корисниците на дискусија за најразлични фудбалски теми, одиграни или претстоечки мечеви и типови. Корисниците добиваат нотификации за најактуелните вести од фудбалскиот свет на својот телефон, а исто така пред почетокот и за време на секој меч можат да ги добиваат клучните информации како што се стартни постави, стрелци на голови, измени итн.
За љубителите на обложувањето, тим од експерти врши темелни анализи земајќи ги во предвид сите фактори од типот на повреди, временски услови, форма, како и гледајќи на мечот од тренерскиот аспект. Анализата и типувањето, како што и самите корисници можат да се уверат, е една од најголемите вредности што оваа апликација ги нуди заради квалитетот, тајмингот и точноста.
МД: Што е ново и иновативно во вашата компанија?
FC: За разлика од сите други livescore апликации, football chat има сосема поинаков пристап во следењето на натпреварите овозможувајќи им на своите корисници многу покомплетно искуство. Имено, преку комуникацијата што ја овозможуваме корисникот почнува со следење на информации поврзани со натпреварот уште неколку дена пред неговиот почеток. Самата апликација е своевидна социјална мрежа во која се поврзувате со познати или нови луѓе и имате можност за интеракција со нив преку јавна или приватна платформа.
МД: Како сте задоволни од досегашниот развој и кои ви се плановите за во иднина?
FC:Досега сме задоволни како се развиваме имаме многу кои ги уживаат плодовите кои нашата апликација ги нуди, а тоа се секако мегусебните разговори кои се многу информативни за љубителите на фудбалот. Нашите планови се секако да растеме тука и надвор и да преминеме во некоја наредна фаза а тоа е секако фазата на фудбалски предикции.