Можеби не сте знаеле но Новак Ѓоковиќ е голем љубител на кучиња. Секој слободен момент го користи за прошетка на неговите кучиња во паркот во близина на домот во Монте Карло. Но, она што е најинтересно е дека едно од кучињата на Ѓоковиќ е крстено по Никола Тесла, српско-американски пронаоѓач кој во 1940 година и понуди на американската влада да создаде „смртни зраци“ кои би можеле да “стопат авионски мотори на растојание од 250 милји“ и кои би станале „невидлив одбранбен кинески зид“ со кој ќе се заштитат од секаков напад од непријателот по воздушен пат. Со овој потег Ѓоковиќ сакал да му оддаде почит на Никола Тесла.
Новак чува две кучиња: бела француска пудла по име Pierre и кафена француска пудла по име Тесла. Заедно со својата сопруга Јелена се мошне приврзани за своите кучиња и ги носат со себе низ целиот свет каде што можат. Pierre дури има и свој твитер и беше на насловната страна на магазинот Vogue.
Pierre има седум години и е мошне мирно куче, додека две и пол годишниот Тесла е поактивно кученце кое сака да си игра и да се мази. Она што е вредно да се спомене е дека Pierre е на режим на исхрана без глутен исто како и својот сопственик.
За крај погледнете како Ѓоковиќ тренира заедно со својата пудлица Тесла.
Извор: Novak Djokovic