Акција (Pet Friendly Places) – Познатите и нивните домашни миленици
Натпреварот за “НАЈТРЕНДИ МИЛЕНК ЗА 2016 година” заврши. Целта на истиот беше подигање на свеста за улогата на домашните миленици во нашите животи, за улогата на милениците во семејствата со децата и за нивната инклузија во општеството. За таа цел, сите пријавени учесници, но и оние кои сакаатда се вклучат се поканети на 20ти Јануари 2017година на дружба во акцијата за означување на “Pet Friendly Places”. Места каде може да влезете и престојувате со вашиот домашен миленик (организации, кафетерии, книжари, угостителски објекти, хотели, јавни установи, итн..)
Во оваа акција веќе ни се приклучија и неколку од познатите лица и општествено одговорни сограѓани. Истите ќе бидат објавувани до 20ти Јануари кога ќе може да се дружиме сите заедно. Ќе може да гласате и за нив и нивните миленици. За оние со најмногу гласови ќе следуваат изненадувања.
Наш соговорник е Христина Мишовски која во ова ексклузивно интервју за Македонија Денес ќе ни открие интересни детали за животот на нејзиното семејство, за нивните миленици без кои како што вели не можат да си го замислат животот.
МД: Каков е вашиот однос кон домашните миленици, какво место има тој/таа во вашето семејство и од кога имате домашен миленик?
Христина: Јас од кога знам за себе сум со миленик. Прво чував хрчаци, глувчиња, а моето омилено морско прасе го чував 6 години. Да можев се ќе приберев дома. Многу голем љубител сум на мачки, ги обожувам, имам и мачка Џесика и куче Барон. Тој е доберман и е нашето второ куче кое има само 9 месеци. Претходно имавме и аљаски маламут кој го чувавме долго време но, за жал ни почина. Мојата ќерка исто ги обожува животните особено мачките. Ние сме семејство кое не може да си го замисли животот без миленици.
МД: Дали сте имале проблеми кога со вашиот миленик ќе влезете некаде во вашиот град или низ Македонија? Дали ни недостасуваат места кои се пријателски за домашни миленици, повеќе “Pet Friendly Places”, каде можете да се дружите со ваши пријатели?
Христина: Нормално секој различно реагира на милениците. Конкретно минувачите се плашат од самата појава дека делува како страшно куче и затоа почесто внимаваме и го држиме подалеку од деца иако тој ги обожува бидејќи е израснат со дете и сака да си игра. Секако дека ни недостасуваат и треба да има повеќе такви места затоа што сметам дека нашите миленици заслужуваат такво нешто.
МД: Опишете ни ја реакцијата на дечињата кога ќе ве видат со миленик, како реагираат?
Христина: Со оглед дека сум со мало бебе ние сме постојано со деца. Барон им делува страшно на децата и не го сакаат многу, се плашат од неговата појава па често се случува и да заплачат, но мојата ќерка го обожува и си игра со него.
МД: Што ќе им препорачате на оние што немаат домашен миленик?
Христина: Кој не сака животни не сака ниту луѓе. Нема ништо поубаво од нив затоа што тие толку знаат да те смират, слатки се, мили, искрени и вистински умеаат да сакаат. Тие се исти како децата и јас исто ги доживувам. Кој нема миленик да си купи или еве почесто пратам една група на Фејсбук каде постојано се вдомуваат миленици и еве апел да вдомат едно милениче.