Доколку не го знаете јазикот на земјата која сакате да ја посетите нема да има потреба да се нервирате. Изработен е нов уред, инстант преведувач кој отсега ќе го направи вашето патување многу полесно.
Се работи за уредот „ILI“ кој го прави патувањето во странските држави многи полесно. Љубитеите на гаџети се многу возбудени дека конечно во месец Јуни овој преведувач ќе биде пуштен во продажба. Уредот е уникатен ако се земе предвид неговата можност за преведување на повеќе од 5.000 фрази, а во исто време не е потребо интернет конекција.
Во моментов застапени се англискиот, јапонскиот и кинескиот, меѓутоа наскоро ќе бидат вметнати и други јазици. Инаку, ILI функционира диретктно на вашиот глас-кој веднаш потоа го преведува. Остранете ги препреките поради јазичните бариери и тргнете во авантура запознавајќи луѓе и различни култури.