Дознавме интересни работи за вашето училиште, за неговата работа и планови. Интересно е и фактот што имате училишен весник кој опстојува долго време и истиот го подготвувате интерно, со ангажман на кадарот од професори со кои располага училиштето. Работите на подготовка на андроид апликација и е-весник, проекти кои ќе ве поврзуваат со училишта од Европската унија.
Вакви училишта се издвојуваат во нашата држава, затоа би сакале да дознаеме малку повеќе за училиштето и вашата работа со професорскиот кадар кој го имате, за иновативните активности, настани и работење при едукација на учениците.
МД: Кажете ни малку за историјата, за тоа кој се бил ученик тука, колку деца брои училиштето колку професорски кадар има и какви манифестации и успеси имаат учениците?
СКП: Во северниот дел на градот Скопје, под падините на планината Скопска Црна Гора се наоѓа населбата Радишани во која е сместено Основното Општинско училиште „Ацо Шопов“, општина Бутел.
ООУ “Ацо Шопов ” датира од далечнната 1984 год. Започнало да работи со 655 ученици.Со текот на годините ја достигнува бројката од 1042 ученици, а денес бројот на ученици изнесува 874 распоредени во 31 паралелка со кои работат 41 наствник. Училиштето од секогаш важело за најдобро на ниво на општина според успехот постигнат од учениците и наставниците. Токму поради тоа ние наставниците дознаваме и се среќаваме со многу наши успешни ученици во областа на медицината, спортот, музиката, науката, економските и правните науки како и во многу други области од општествениот систем. Со оглед на тоа дека денес во нашето училиште 25% од вкупниот наставен кадар произлегуваат токму од ова училиште ни говори за успешнота и високиот професионален однос на вработените, како и ученици кои денес се професори и доценти на одредени факултети. Не можеме а да не го истакнеме фактот дека покрај голем број на успешни граѓани училиштето може да се пофали и со голем број на истакнати јавни личности како што се: Андријана Јаневска, Јован Јованов, Иван Јованов, Наташа Мијатовиќ, Анета и Геновева Качурковски. Како јавно истакната личност мораме да го споменеми и Ненад Марковиќ кој е доктор на политички науки и Надица Ѓаковска новинар и водител на радио емисија. Од областа на културата може да ги издвоиме улогите на наши ученици во филмот „Ослободувањето на Скопје“ од Раде Шербеџија каде што еден ученик се јавува и како главен лик, и филмот „Два“ во кој што исто така учествуваа наши ученици.
Како резултат на реализацијата на воспитно-образовниот процес, часовите за додатна настава и слободни ученички активности учениците од предметна и одделенска настава континуирано земаат учество на општинските (регионални), градските, државните и меѓународни натпревари на знаења и вештини и постигнуваат врвни резултати. Тука моше да го споменеме ученикот Оливер кој освои прво место на меѓународна олимпијада на натпревар по матемтика.
Вака постигнатите успеси се должат на почитувањето на интересите кои ги имаат учениците и на квалитетно организирано слободно време па се организираат бројни воннаставни активности кои сепак се во корелација со наставните содржини, а на еден практичен, директен и непосреден начин им овозможуваат стекнување на знаења.За успехот на училиштето важно е тимското работење (менаџерот како го менаџира кадарот како и високообразованиот кадар кој директно е вклучен со учениците) Во училиштето постои солидна училишна клима и одлична соработка во образовниот триаголник ученик, родител,наставник.Училиштето ужива висок рејтин што секако е голема обврска.
МД: Ретко кое училиште има тим и капацитет да изготви и одржува училишен весник самостојно. Како дојде до таа идеја, тој иновативен весник и колку време имате училишен весник?
СКП:Во време на дигитализација кога сите генерации побрзо кликнуваат отколку што листаат страници одлучивме да посветиме внимание на убавиот пишан збор. Да ги поттикнеме учениците дел од активностите што ги реализираат во училиштето да ги презентираат пред соучениците, родителите, па и пошироката средина. Пишаниот збор проследен со фотографија е убав спомен, а задоволството е уште поголемо заради личниот ангажман. Училишниот весник започна да излегува пред 4 години. Името на училишниот весникот е „Очи“ симболично, во корелација со познатат песна на нашиот патрон Ацо Шопов и очите како огледало на детската душа.Кога се работи со голема љубов, добра организираност на учениците и наставниците успехот е неизбежен. Ваквата традиција на успешната работа на училиштето и понатака ќе продолжи да се презентира преку училишниот весник „Очи“.Весникот го добиваат бесплатно и може да се следи и во електронска форма.
МД: Што планирате во иднина со тимот и активностите кои сте ги планирале во делот на нови технологии, методологија и наставна програма?
СКП:Најдобрата инвестиција што можеме да ја наравиме е да се вложиме во знаењето. Оттука можаме да истакнаме дека во училиштето големи се залагањата за висок квалитет на знаења со кои се стекнуваат учениците и кои спремно ќе зачекорат во иднината и нивниот развој. Основното образование ќе им биде база која ќе им ги трасира патиштата во иднина и ќе им помогне во градење на здрава, стабилна и вредна личност.
Добра страна во реализацијата на наставните планови е дека програмските цели се јасно дефинирани и овозможуваат примена на активни методи, идејни решенија и стратегии при реализацијата, можности за интеграција и диференциран приод, зголемена динамика и мотивација на учениците, како и јасно дефинирани очекувани исходи. Кај потешкотиите во реализацијата се надминуваат со соодветно изготвени активности и дополнителна литература, како и примена на најразлични методи и техники при образовниот процес.
На часовите се применува ИКТ и учениците покажуваат интерес за тие часови. Со оглед на забрзаниот развој на информатичнката технологија Смарт таблата,таблетите и смарт проектори овозможат наставата да биде модерна и интересна за сите ученици.
За таа цел во училиштето посветуваме многу внимание на нови наставни техники, но и технологии, бидејќи тие се предизвик за учениците и многу поинтересен начин за усвојување на знаења.
МД: Каква соработка имате со други училишта во земјата и странство?
СКП:Како училиште секогаш сме отворени за соработка.Нашето училиште се јавува како пратнер училиште во рамките на проектот „Мултиетничка интеграција во образованието“ со училиштата „Петар Здравковски-Пенко“, Панајот Гиновски“ и Гоце Делчев“.
Можеме да истакнеме дека училиштето има реализирано збратимување како и посета со училиштето од Словенија ОУ,,Оскар Ковачич“-Љубљана, од Полска ОУ„ Блажени Отец Станислав Папчински“ и од СрбијаОУ „Бејза“. Сметаме дека размената на искуства и знења е позитивна и дека треба да се реализираат повеќе соработки на меѓународно ниво, да се согледаат позитивните страни, да се разменат искуства , а сето тоа може да се оствари преку конкретни средби на наставници и менаџерски кадар. Во таа насока како добра можност за проширување на видиците и знаењата надвор од нашата земја можеме да ја споменеме директните ЕУ фондови и Еразмус+ и дел преку „Националната агенција за европски образовни програми и мобилност“ во која се јавуваме како апликанти.
На каков вид проекти сте учествувале до сега и што подготвувате во иднина на таа тема?
СКП:Во нашето училиште се реализираат повеќе проекти меѓу кои се:
Проектот ,,Еко училиште,, чија цел е подигање на свеста на наставниците и учениците во училиштето во поглед на заштита на животната средина - заштита на енергија - заштита на водата.
Проектот „Ненасилно однесување во училиштето“ со цел: да се поттикнат учениците примерно да се однесуваат, да се зголеми безбедноста на учениците во училиште, да се зголеми другарството кое е основа за ненасилно однесување, да се намали вербалното насилство меѓу учениците, да се зголеми степенот на меѓусебно разбирање и верска толеранција и.т.н.
Проектот„Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“-целта на овој проект е јакнење на воспитната компонента во воспитно-образовниот процес преку заеднички активности на наставниците, учениците и родителите.
Проектот „Мултиетничка интеграција во образованието“- со цел почитување на сличностите и разликите помеѓу наставниците и учениците од различни култури и надминување на предрасудите во врска со нив.
Учество во реализирање на Проектот на „Со читање до лидерство“ чија што главна цел е подобрување на наставата и постигнувањата на математичката и јазичната писменост кај децата од одделенска настава како и зголемување на свесноста за важноста на јазичната и математичката писменост кај децата.
Нашето училиште како и досега така и во иднина ќе биде отворено за секаков вид на соработка и учество во проекти кои ќе придонесат за унапредување и усовршување на воспитно-образовната работа со учениците и родителите.
МД: Ваши предлози за училиштата во Македонија?
СКП:Како препораки, предлози за училиштата во Македонија би го истакнала организацискиот модел и зголемувањето на учество на младите во училишниот спорт, со кој веруваме дека ќе се постигнат поефикасни резултати во развојот на масовен и квалитетен училишен спорт, како и на целокупниот спорт во нашата држава. Воспоставување високо квалитетено образование кое ги промовира човечките вредности и уважување на различностите, кое му омозможува на секој поединец да ги развие своите полни потенцијали и да се здобие со компетенции потребни за продуктивен живот во 21 век.
Следејќи ги светските образовни трендови
-зајакнување на воспитно-образовните кадровски капацитети и на можностите за личен и професионален развој.
-„Советување на родители– родителска школа“ со кој ќе се овозможи зајакнување на воспитната компонента преку активно вклучување на родителите во образовниот процес.