четврток, 2 февруари 2017
Следете не на FACEBOOK!!!
мкденес / Интервју / Интервју со Милан Глигоровски - Најискусниот и најдобриот фитнес инструктор во Македонија
Ви благодариме!

Интервју со Милан Глигоровски - Најискусниот и најдобриот фитнес инструктор во Македонија

Милан Глигоровски е поранешен боди билдинг шампион на Македонија во полутешка категорија. Тој е прв македонски меѓународен судија со лиценца од ИФББ. Најголемиот број на фитнес инструктори од нашата земја поминале низ неговата ,,школа“ за фитнес и бодибилдинг. Неговиот ентузијазам за овој спорт не се намалува и по 30 годишна работа во теретана. Својата љубов и знаење со успех го пренесува на своите клиенти во фитнес клубот Атлета, а овој пат и на нашите читатели…

МД: Кои се придобивките кои ги нуди фитнесот и бодибилдингот?

МГ: Најпрво да направиме дистинкција што е фитнесот, а што е бодибилдингот. Со фитнесот настојуваме со правилен избор на вежби и соодветна исхрана да создадеме едно здраво тело- во фит форма кое ќе одговори најдобро на секојдневите активности на еден човек. Со бодибилдингот настојуваме да изградиме најпрво поголема мускулна маса која подоцна со соодветен правилен избор на вежби и диета ќе ја издефинираме и телото ќе го донесеме до таква форма за да може да го покажеме на саканиот натпревар. Во обата случаи придобивките се огромни здраво и убаво обликувано тело само што целите се различни.

МД: Тешко ли е да се води здрав живот и зошто многумина се откажуваат по првиот здрав оброк или вежба?

МГ: Немањето на доволен мотив е најчеста причина поради која луѓето се откажуваат од физичката активност и правилната исхрана. Доколку веќе го направиле првиот чекор и стигнале до вежбална тогаш работата на тренерот е да го заинтересира клиентот и правилно да го насочи во изведувањето на вежбите по соодветна програма, а не да го воспали за да не може три дена да стане од кревет. Вежбањето е работа на навика доколку ги пребродите првите две недели се адаптирате и потоа е многу полесно.

МД: Кои се Вашите совети за оние кои се нерешителни или пак по само неколку тренинзи се откажуваат?

МГ: Мој совет е да се обратат во теретани каде што има стручни лица кои соодветно ќе ве прифатат и по еден т.н. прелиминарен разговор ќе согледаат кој се вашите потреби и ќе направат издржана програма да можете да ги остварите вашите цели.

МД: Колку време е потребно да се забележат првите резултати од тренинзите?

МГ: Тоа е првото прашање кое ми го поставуваат клиентите кога ќе ја посетат Атлета. Се зависи од тоа кои се вашите цели и за што сте дошле во теретана, дали да слабеете, да се поправите, или само да ја поправите вашата форма и кондиција. По првиот месец се осеќаат промени на организмот, но ќе повторам завизно од целта потребни се неколку месеци планирана работа.

МД: Оние кои доцна се сетија дека треба да бидат физички активни за да имаат резултат до летото, може ли да се надеваат на брз ефект од некои тип на вежби?

МГ: Сите бараат некој скратен систем на магични вежби кои за еден месец ќе ве доведат до бараната топ форма. Ќе ги разочарам сите што мислат така бидејќи магични вежби не постојат.

МД: За оние нередовните во теретаните, од кога е најдобро да започнат со вежбање за да постигнат некаков резултат до летото?

МГ: Сега е вистинско време да се почне со вежбање и до лето ќе бидеме во таква форма да можеме да го облечеме омилениот костим за капење. На телото ми е потребен еден адаптивен период да се навикне на физичка активност пред да почнеме максимално да го оптеретуваме и полека, чекор по чекор да ги донесеме до саканата форма.

МД: Колку во зимскиот, а колку во летниот период имате клиенти и за што се најзаинтересирани?

МГ: Бројот на вежбачи постојано варира зависно од периодот на годината. Почнуваат сите од Септември-Октомври па ги снемува пред новогодишните празници, па повторно доаѓаат на пролет да се „навежбаат“ пред летото, па сите одат на одмор и повторно во круг. Многу е мал бројот на вежбачи кои континуирано ја посетуваат теретаната преку цела година.

МД: Која тренинг програма дава најдобри резултати?

МГ: Кај нас тренинг програмата е персонализирана зависно од потребите на клиентот. Независно дали се работи за почетници или напредни сите добиваат програма прилагодена и планирана за секого поодделно. Доколку клиентот се придржува до програмата со вежбање редовно и ја прати исхраната која исто така му ја пишуваме и даваме тогаш резултатите се гарантирани.

МД: Кои три вежби би ги одбрале Вие како најефективни и најомилени?

МГ: Јас сум приврзаник на таа т.н. стара школа во која преферира вежбање со слободна тежина. Тоа се вежби во кои се вклучуваат повеќе групи на мускули при изведувањето на движењата и се користат максимални тежини. Тоа е тренд кој гледам се повеќе се враќа и на запад – пред се во САД кои се и меката на бодибилдингот. Трите вежби би биле: 1. Клекнување со шипка на рамената 2. Мртво дигање за грб, 3. потисок за гради од рамна клупа со шипка. При сите вежби да се користат максимални тежини и со правилни движења да се изведуваат не помалку од 6-8 повторувања.

МД: Според вас колку пати неделно треба да се оди во теретана при тоа да се внимава на исхраната, за да се постигнат одлични резултати во обликување на телото?

МГ: Четири пати неделно би препорачал да доаѓаат оние кои нормално со соодветна исхрана би сакале да постигнат забележителни резултати. За посериозни вежбачи може и 5-6 пати неделно да се важба, а три пати неделно е неопходно да вежба оној кој би сакал да го одржува веќе постигнатото ниво. Со еднаш до два пати неделно само би правеле воспаление на мускулите по секое вежбање, но и тоа е подобро од невежбање.

МД: Многумина кои имаат зголемена телесна тежина си велат: - Ќе одам во теретана да вежбам за да ослабнам. Колку е ова правило или лошо со зголемена тежина да одат на своја рака без инструктор и да практикуваат некои потешки вежби или пак да креваат поголема тежина?

МГ: Многу е важно кога веќе сте го донеле решението да вежбате заради вишокот килограми првиот чекор да го направите под стручен надзор и совет од квалификуван фитнес тренер. Вежбањето на своја рака може да донесе несакани последици не само воспаление на мускулите туку и повреди при користење на преголеми тежини или неправилно вежбање. Се повеќе се појавуваат самонаречени фитнес тренери кои малку повежбале и сурфаат по ЈУТУБ и мислат дека е тоа доволно за да бидат инструктори. Некои дури работат на рехабилитација на повреди и деформитети, а не се ни свесни дека можат да предизвикаат несогледиви последици по клиентот.

МД: Најдобар резултат се постигнува во комбинација вежбање и здрава исхрана. Како треба да изгледа начинот на исхрана на оние кои вежбаат?

МГ: Не е само тренингот решавачки фактор за резултатите од вежбањето. Покрај одморот и исхраната е еден од најбитните фактори за очекуваните резултати. Денот треба да го започнеме со овошје, па за доручек да внесеме комплексни јаглени хидрати (житарици, мусли) со додаток на јогурт или млеко. За ручек треба да внесеме убаво парче месо – протеин со додаток на варен или само обарен зеленчук и доста салата но внимавајте да избегнувате сол а може да се внесува маслиново масло (незаситени масни киселини). За ужина овошје и навечер да се земаат само протеини во форма на риба, белки или месо со доста салата. Количините се прилагодуваат според клиентот во зависнот од потребите индивидуално.

МД: Проблемот што многумина го имаат во однос на качување на мускулната маса или пак намалување на мастите е тоа што не се хранат правилно. Каде грешат во исхраната?

МГ: Тие што сакаат да ја зголемат мускулната маса мора да внесуваат доволно градивна материја, а тоа се протеините минимум 2 грама по килограм телесна тежина и доволно јаглени хидрати- компир или ориз без внесување на непотребни прости шекери-бел шекер, чоколади торти итн. Доколку не сте во можност да внесувате голема количина на храна тогаш може да се внесуваат и готови додатоци во исхраната-протеински шејкови, креатин глутамин и др. Независно дали вежбате за маса мора три пати неделно да правите кардио вежби за да го развиете и срцево-садовиот систем за да ја транспортира таа храна до секое мускулно влакно. Ова е едно комплексно прашање кое не може да се одговори со една или две реченици секој оној кој што сака да знае нешто повеќе или има проблем нека се обрати за совет слободно.

МД: Колку време пред тренингот е најдобро да се јаде?

МГ: Вообичаено е да се советува да не се внесува храна-потешки оброци минимум еден час пред физичка активност бидејќи знае да предизвика мачнини или надуеност во текот на тренингот. Секој човек е единка за себе и нека постапи онака како најдобро се чуствува. Внесената храна во желудникот ја тера крвта во желудникот и ја има помалку во мозокот па се осеќате поспано.

МД: Во кој дел од денот е најдобро да се вежба?

МГ: Стручњаците советуваат да се вежба наутро. Вежбајќи да го разбудиме нашиот организам и да го припремиме за секојдневните активности, но немаме време сите да вежбаме наутро пред се заради работните обврски, затоа се прилагодуваме спрема нашето слободно време. Единствено не е препорачливо да се вежба навечер пред спиење бидејќи вежбањето може да го возбуди нашиот нервен систем и да предизвика несоница.

МД: Многу често луѓето немаат доволно време за да посетат некој фитнес клуб, но сакаат да вежбаат и да изгледаат убаво. Колку е можно во домашни услови и со некои справи кои ги имаме по дома да се добие убаво обликувано тело?

МГ: Не би сакал да им правам антипропаганда на разните продавачи на машини за домашна употреба но од искуството што го имам со многуте луѓе кои доаѓаат да вежбаат ми велат дека машините најчесто им служат како најскапа закачалка за алишта. Посебно на домаќинките додека пеглаат ги редат алиштата по машините за вежбање. Шегата на страна можно е да се вежба во домашни услови но потребна е силна мотивација за да се натерате да вежбате дома сами. Значи се би се сведувало само на импровизација а не на сериозно вежбање.

МД: Можно ли е без фитнес справи да се обликува телото?

МГ: Постојат многу вежби кои можат да се изведуваат ви домашни услови со користење на разни прирачни реквизити или со сопствената тежина, но главниот проблем е што не можат да се опфатат сите мускулни групи подеднакви и не би можеле да изградиме едно хармонично и убаво тело. Во домашни услови би препорачал посебно за девојките кои би сакале убави нозе и задник да вежбаат длабоки клекнувања, и разни видови на исчекор (напред, назад, во страна). Ова нема да ви одземе повеќе од петнаесетина минути дневно.

МД: Честопати кај оние кои подолго време не биле физички активни по првиот тренинг се јавува воспаление на мускулите. Дали оваа појава може да се игнорира и да се продолжи со вежбање и покрај болката во мускулите?

МГ: Воспалението на мускулите е резултат на зголеменото присуство на млечна киселина во мускулните влакна. Вообичаено се јавува кај луѓе кои што не биле многу активни и одеднш многу напорно вежбаат мислејќи дека ќе постигнат нешто но добиваат само воспаление. Како мерка на превенција може веднаш после тренингот да земат таблетка Андол или Аспирин а добро би дошла и мануелна масажа. Оние кои веќе добиле воспаление би им препорачал еден ден одмор и повторно да се вратат кон тренинзите но внимателно и со некоја програма, по можност под стручен надзор.

МД: За крај порака до нерешителните кога станува збор за теретаната. На кој начин да се мотивираат и да започнат навреме и редовно со вежбите за своето тело?

МГ: Мотивот треба сите да го најдат во себе знаејќи ги бенефитите од физичката активност за која досега зборуваме. Нека застанат пред огледало соблечени по гакици и нека направат една анализа што не им се допаѓа на нивното тело?! Сите треба да знаат дека со вежбањето може се да постигнат. Да се отсранат несаканите масни наслаги, да се обликуваато определени делови на нашето тело, да се зголеми мускулната маса итн. Секој мора да го направи првиот чекор а тое е да дојде во теретана а потоа да им остави на стручните лица да го водат до саканиот резултат.

МД: Порака до нашите читатели и зошто да го одберат фитнес клубот Атлета…

МГ: На читателите им препорачувам да дојдат во Атлета од следните причини:

-Со 32 години искуство имаме доволно акумулирано знаење кое можеме и несебично го пренесуваме
-Располагаме со наједуциран кадар:

Проф. др. Јован Јовановски
Доц. др. Јасмина Плунцевиќ Глигороска
Проф. Милан Глигороски
Адам Глигороски

Досегашните резултати на сите наши членови на рекреативно и натпреварувачко поле се гаранција за успехот. Секој еден што и малку значел во светот на фитнесот и бод билдингот во еден период бил дел од клубот Атлета. Но да не биде само фалење ние оставаме делата да зборуваат за нашето знаење.

Погледнете ги овие корисни вежби…

Може да ве интересира

Видео: Луди и бесни - Се тркаа Роналдо и Хамес, погледнете кој беше побрз

Фудбалерите на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо и Родригез беа снимени како доаѓаат на тренинг. Колумбиецот …

Translate »