петок, 17 февруари 2017
Следете не на FACEBOOK!!!
мкденес / Иновации / Технолошки иновации / Ја имитира природата: Овој феноменален робот чекори како птица (видео)
Ви благодариме!

Ја имитира природата: Овој феноменален робот чекори како птица (видео)

Група инженери кои почнале да работат како членови на проектот АТРИАС на Универзитет во Орегон своето внимание го фокусираат на решавање на проблемот на движењето на роботите. Се надеваат дека еден ден овие машини ќе чекорат како што чекорат луѓето.
Но, пред да се дојде до таа цел, потребна е еден вид на еволуција во начинот на одењето. Роботот „Cassie“ е една карика во еволутивниот синџир и со своето чекорење личи на птица.
Станува збор за успешен резултат од 16 0 месечна работа која платило американското Министерство за одбрана. Дизајн на машината е инспириран од животинската морфологија и однесување вклучувајќи и имитација на колк која овозможува движење низ три механички степени на слобода.

Исто така, машината има подвижни зглобови помеѓу „стапалото“ и „потколеницата“ по пример на човечка анатомија. Се на се, ова го прави „Cassie“ најстабилен прототип во историјата на компанијата Agility Robotics.
„Cassie“ може самостојно да стои, чекори, преминува пречки и паѓа без голема штета.
Потенцијал на оваа машина лежи во создавање на робот кој во блиска иднина ќе им помага на војниците на воените полиња, на спасувачите на терен или дури и како доставувач на храна.

Може да ве интересира

Новиот iPhone ќе може да го препознава лицето на сопственикот!

Иако не делат неколку месеци од појавувањето на новиот iPhone, компанијата Cowen and Company објави …