По кратко време од нивната прва авторска песна , Риплеј повторно не привлече да ѕирнеме во нивниот лист од преработени песни.
Покрај многуте преработки на песни, неочекувано Риплеј овој пат не изненади со нешто ново и сосема различно. Станува збор за добро познатата песна која за кратко време стана светски хит а тоа е ,,Despacito”. Дечките од Риплеј својата музикалност и професионалност дополнително ни ја докажаа преку идејата , песната да биде исклучиво инструментално преработена.
Со спојот на гитара и саксофон создадоа прекрасна преработка што со сигурност ќе им се допадне на слушателите. Имено, бендот пред извесно време ја промовираше првата авторска песна ,,Така случајно”.Како што велат и самите Риплеј -„never stops“, така ние како и нивните фанови нетрпеливо чекаме да ја слушнеме втората авторска песна со која ќе не изненадат за кратко време.