Доцниме на работа, забораваме да ги платиме сметките, не стигаме да појдеме во кино да погледнеме филм… Во постојана трка со времето може да ни се случи да заборавиме на оние кои ни се навистина важни. Пријателите понекогаш ни замеруваат кога долго нема да им се јавиме, но вистинските пријатели секогаш ни се радуваат и секогаш не пречекуваат!
Погодивте, зборуваме за кучињата!
За сите оние кои имаат куче подготвивме листа а есенцијални факти кои ниту еден сопственик не смее да ги заборави!
Кога тоа би било возможно секое куче би ви испратило една или повеќе од овие 20 пораки.
Тие се секогаш тука, не сакаат најмногу на светот и ние сме нивните вечни херои. Од таа „мала“ причина важно е ова да го запомните:
1.Не ме игнорирај предолго. Јас живеам само 10 – 15 години и секој момент без тебе ми е вистинска вечност.
2.Утеши ме кога сум исплашен!Секогаш се чувствувам подобро кога ќе се поставиш како мојот заштитник. Запомни ме чуваш мене, јас те чувам тебе – таков е договорот!
3.Знам дека си зафатен и постојано брзаш некаде, но нема да се случи „крајот на светот“ ако еднаш задоцниш на работа само затоа што наутро малку подолго се галевме.
4.Не се лути на мене кога ти „скокам“ на нога. Јас сум само среќен и возбуден што те гледам!Не ми се лути, врати ми со иста мерка!
5.Научи ме нешто ново!И јас сум среќен кога на твоето лице ќе видам задоволство откако јас ќе направам нешто што ќе посакаш. Учењето е добра вежба за мене, исто како што е трчањето во парк.
6.Не биди фрустриран што понекогаш не разбирам. Никогаш нема да го совладам тој твојот комплициран јазик со кој што зборуваш, иако навистина се трудам…Мислам дека досега разбра дека се што сакам јас на светот е – да те направам задоволен! Кога ќе те израдувам, награди ме и потврди ми дека сум научил нешто добро!
7.Ако си нервозен – или прегрни ме за да ти помогнам или заобиколи ме!Не сакам кога викаш на мене!
8.Носи ме на нови места каде ќе запознам дружељубиви луѓе и животни. Можеби ќе се плашам од нив на прв поглед, но знам дека секое ново суштество кое ќе го запознам ќе донесе ново, поинакво искуство во мојот живот. Јас навистина сакам нови пријателства!
9.Не ме отфрлај кога ќе ти пристигне нов член на семејството.
10.Не ме оставај надвор кога е премногу студено или топло. Моето влакно навистина е дебело но не е семожно!
11.Не заборавај на „мали работи“ кои ме прават среќен и здрав. Имај во предвид дека моите шепи ме болат ако ноктите ми се премногу долги. Забите не смеам да ги мијам секој ден како тебе, но тоа не значи дека не треба да ги измијам ниту еднаш, зарем не?
12.Верувај ми,, Јас тебе ти верувам со целото срце!
13.Понекогаш умеам да згрешам. Никој не е совршен…Не се лути предолго на мене. Одржи ми лекција, но не биди строг. Тоа никогаш не е забавно…
14.Запомни, ти имаш семејство, пријатели, колеги роднини, познаници….А јас те имам само тебе!
15.Зборувај со мене. Не разбирам ниту збор, но умеам да проценам што „зборуваат“ твојот тон и говорот на телото.
16.Биди љубезен. И не само кон мене!Биди љубезен кон оние кои ги сакаш, но и кон оној кој прв пат го гледаш. Особено биди љубезен кон моите пријатели кои немаат дом. Помогни им и нахрани ги баш како и мене.
17.Те молам, не ме удирај!Јас имам заби кои може да ги скршат твоите ситни коски на рацете, но тоа не го злоупотребувам, затоа што те сакам. Кога ќе направам нешто лошо, изброј до 5, земи длабок здив, а тогаш полека објасни ми каде сум погрешил. Па 21. век е, нема да се тепаме како примитивци.
18.Обрни внимание ако се однесувам како да не сум „нормален“. Ние кучињата сме горди и не признаваме лесно кога се чувствуваме лошо. Ако наеднаш стана мрзелив, некооперативен и депресивен однеси ме кај оној нашиот ветеринар. Таму никогаш не мие срам да признам дека нешто ме боли…
19.Кога ќе остарам сакај ме исто така како што ме сакаше кога бев малечок. Можеби и повеќе!Моето крзно не е повеќе меко, а јас сум досаден, бавен и несмасен. Не сум малечок, но мојата љубов никогаш нема била поголема!
20.Појди со мене на најтешкото патување. Разбирам дека е тешко, но сепак испрати ме до самиот крај. Вечната темница не е толку тешка, кога ти си со мене. И никогап повеќе немојд а кажеш „Животот е краток“. Мојот можеби е , н твојот доволно долг да ваква љубов повториш барем уште со едно, ново куче.