вторник, 14 февруари 2017
Следете не на FACEBOOK!!!
мкденес / ЕУ Фондови / Бизнис ангели и инвеститори / Колку години искуство еден бизнис ангел би требало да има пред да стане бизнис ангел?
Ви благодариме!

Колку години искуство еден бизнис ангел би требало да има пред да стане бизнис ангел?

Најчесто поставувани прашања и одговори за бизнис ангели

Информативен водич – Дел 2

Дали има различни видови на бизнис ангели? Ако има, колку?

Постојат неколку вида на бизнис ангели и тоа:

  • Девица: Сеуште нема инвестирано.
  • Латентен: Нема инвестирано во последните три години.
  • Максимизирач на богатсво: Искусни бизнисмени кои инвестираат за приватни добивки.
  • Претприемач: Ги поткрепува претпримачите од општа љубов кон претприемништвото и како алтернативана инвестиција која има поглем поврат на инвестиција од берзата.
  • Барач на добивка: Инвестира во повеќе фирми за да оствари приходи или се бави со ангел инвестиции како хоби.
  • Корпоративен: Компании кои редовни прават големи инвестиции, најчесто за добивање на раковеден удел во фирмите.

II) Прашања на потенцијални бизнис ангели

  1. Што треба да поседуваш или имаш за да станеш бизнис ангел?

Бизнис ангелите мораат да имаат високи приходи и висока нето-вредност. Висината на овие средства е различна во секоја земја зависно од економската моќ на земјата. На пример, во Турција, за да еден инвеститор стане бизнис ангел потребно е да има нето годишни примања од над 60.000 евра и нето вредност од над 300.000 евра.

Во некои земји, за да се биде бизнис ангел, неопходно е да се биде акредитиран од соодветна државна институција. Вообичаено, процесот на акредитација потврдува дека индивидуата има високи нето-приходи и висока нето вредност (е богата), дека не е претходно осудувана, дека нема тековни судски постапки, нема долгови кон државата, дека инвестициите нема да се користат за перење пари и дека успешно водел бизнис.

  1. Колку години искуство еден бизнис ангел би требало да има пред да стане бизнис ангел?

Реално нема некоја стриктна граница која еден бизнисмен треба да ја исполни за да стане бизнис ангел. Вообичаено тоа се луѓе од 45-65 годишна возраст со веќе стекнато огромно искуство и капитал во бизнис сферата во која работат. Но, во поново време се почесто се среќаваме и со помлади бизнис ангели.