сабота, 12 ноември 2016
Следете не на FACEBOOK!!!
мкденес / Celebrity / Корејската поп сензацијата CL говори за нејзините обиди да ја освои Америка (видео)
Ви благодариме!

Корејската поп сензацијата CL говори за нејзините обиди да ја освои Америка (видео)

Нејзините музички видеа имаат милиони прегледи, американските модни дизајнери Alexander Wang и Jeremy Scott ја сметаат за нивна муза, а е дел од успешна корејска поп група 2NE1. Таа е корејска поп сензација позната како CL, а како што пренесуваат медиумите нејзините следни професионални планови се освојување на американската сцена.


„Таа не е само феноменот во Азија, таа полека станува глобална сензација“ - кажа Jeremy Scott за CL.

Како дел од групата 2NE1, нивниот албум Crush стана најпродаваниот албум во корејската историја. Миленичката на корејската публика ги извести своите обожаватели дека работи на својот прв соло деби албум уште кој го започнала во 2014. Исто така оваа амбициозна пејачка започна соработка со познатиот менаџер Scooter Brown, кој и официјално станал нејзин менаџер. Тој е познат по тоа што е менаџер на Ариана Гранде, Ашер, Џастин Бибер и други.

„Се чувствувам како да вложувам толку многу од себеси. Сакам се што правам да изгледа и да звучи како што треба. Ако започнам нешто го извршувам тоа до самиот крај.“ - Кажа CL.

Може да ве интересира

Бијонсе и Џеј Зи со поддршка за Хилари Клинтон

Кампањата на Хилари Клинтон во Кливленд, Охајо беше поткрепена од најпознатиот и најмоќен брачен пар …

Translate »