Smartgreen Tower е еколошки прифатлива кула која што ќе го складира вишокот на енергија создадена од сонцето со помош на посебен акумулатор дизајниран специјално за овој проект.
Се работи за проект на архитектонското студио Frey Architekten, кое што заедно со компанијата Siemens и Институтот за соларна енергија Фраунховер, развило акумулатор за складирање на сончева енергија.
Оваа станбена зграда ќе се состои од 16 ката, а на самиот врв ќе се наоѓа покрив на којшто има зеленило и фотонапонски панели што имаат моќ да апсорбираат дури и и најслаба сончева светлина. Освен на покривот, ваков вид на панели ќе бидат поставени и на терасите од становите. Целокупната енергија ќе се складира во акумулатор со моќност од 0,5 mWh.