сабота, 26 ноември 2016
Следете не на FACEBOOK!!!
мкденес / Спорт / Лов и риболов / Ловната сезона во Македонија за 2016
Ви благодариме!

Ловната сезона во Македонија за 2016

Ловната сезона за крупен дивеч започна на 1 октомври. Сите љубители на овој спорт ќе ја имаат можноста да ги покажат своите ловечки способности. Диви свињи, волци, лисици и јазовци се животните кои ќе бидат на мета на ловците оваа сезона, додека пак штетниот дивеч ќе продолжи да се лови во текот на целата година.

Минатата ловна сезона беше опишана како една од подобрите, но прогнозите за оваа не се толку добри. Имено, шумските пожари во Штипско ова лето, го намалија вкупниот број на дивеч за околу 15-20%.

Гостиварските ловни здруженија изјавија дека дозволите и ловот ќе се издаваат и изведуваат согласно со Законот за лов, и дека се испочитувани сите законски норми за почеток на ловната сезона.

Како предлог за квалитетно ловиште за сите оние кои се заинтересирани да започнат со овој спорт, ќе го издвоиме ловиштето Ниџе. Сите информации за ловната сезона на ова ловиште може да ги добиете овде.

Translate »