Почитувани читатели. Денес ви пишувам доцна бидејќи цел ден го преспав. Времето беше тмурно, врнежливо и студено. Цед ден сум дома, не ме прошетаа и затоа спиев.
Вечерва би сакала да ве советувам колку е значајно да изберете вистинско, автентично и оригинално име за вашиот миленик. Мене на пример ме крстија Луна. Името е одраз на моето снежно бело крзно како месечината. Името на вашиот домашен миленик треба да ја рефлектира неговата ндивидуалност, темперамент, карактеристики.
Постојат илјадници имиња по кои можете да го крстите вашиот миленик, но сигурно се прашувате кое е вистинското и како да го изберете? Еден од начините да се намали бројот на потенцијални имиња е да се започне со оние кои би сакале да му ги дадете на вашето домашно милениче. Можеби е изненадувачки, но повеќе од половината од сите имиња за миленичиња се или човечки имиња или прекари. Луѓето во голема мера ги именуваат своите животни како што тие би се нарекувале себеси. Другата половина од потенцијалните имиња се врз основа на изгледот или личноста на домашното милениче.
Затоа би сакала да ви дадам неколку корисни совети како да изберете соодветно име за вашето ново милениче. Притоа запомнете дека избраното име ќе го користите многупати во текот на денот за да го повикате вашето милениче, да го пофалите или искарате.
1. Изберете име кое вашиот миленик лесно ќе го распознае. Животните подобро се одзиваат на едно или две имиња.
2. Изберете име кое е лесно за изговарање и за повикување.
3. Избегнувајте имиња кои звучат како стандардни команди на пример - Не; Стој; Седи; Дојди; Долу. Тоа може да биде тешко за кучињата за да може да направат разлика меѓу слични зборови.
4. Доколку изберете долго име, имајте на ум скратена верзија на истото. Долгото име неизбежно ќе биде скратено при комуникација со вашиот миленик со што ќе се уништи ефектот што првично сте го имале на ум со името. Затоа изберете кусо и едноставно за изговарање име за вашиот миленик.
5. Самата раса на вашето домашно милениче може да ви даде инспирација за избор на име. На пример ориентално име (за сијамските кучиња), германско (за овчари и шнауцер), француско (за пудлици), шкотско (за териери).
6. Почекајте неколку дена откако ќе го земете вашиот миленик за да му дадете име. Ќе имате доволно време да ја анализирате неговата личност, пасија и изглед кои може да ви помогнат при изборот на името.
7. Изберете име што ќе му прирасне на вашето домашно милениче.
8. Бидете креативни!
Доколку ви треба инспирација при изборот погледнете ја листата на 250 најпопуларни имиња. Можеби ќе ви помогне при изборот: http://www.adoptapet.com/blog/25-fun-pet-names/