недела, 6 ноември 2016
Следете не на FACEBOOK!!!
мкденес / Uncategorized / Луна советува: Облекувајте ги вашите миленици само кога е неопходно
Ви благодариме!
luna

Луна советува: Облекувајте ги вашите миленици само кога е неопходно

Здраво драги мои. Утрово кога ме шетаа ми ја облекоа мојата омилена бундичка и затоа решив денес да пишувам за облеката и модните додатоци за вашиот миленик: кои се предности и недостатоци?

Сé повеќе може да се забележат миленичиња облечени во јакнички, тренерки, мантилчиња, чизми. Некои дури имаат и стилизирани фризурчиња. Јас сум секогаш дотерана. Моите сопственици се секогаш во тек со модните случувања и одлучија и јас како нивен миленик да носам облека и да имам фризура. Уште од мала носев најчесто тренерчиња, но кога наполнив 10 месеци мојата колекција на облека значително се зголеми. Сега имам и дуксерчиња, фустанчиња, блузички, мантили, јакни, бундичка, скафандер, чизми. Дури имам и стилизирани гаќички за оние критични денови од циклусот. Едноставно си имам цел мал плакар само за себе.

Од мала ја сакав облеката и сакам да се облекувам. Можеби затоа што материјалите од кои истата е изработена се пријатни, зимно време ме топлат, а во лето ми држат ладно на крзното. И најбитно од сé се чувствувам отмено кога другите кученца кога ме шетаат се вртат по мене бидејќи сум згодна и дотерана.

Што е првото нешто што ви доаѓа на ум кога ќе бидете запрашани за облека за домашните миленици? Дали би сакале вашето домашно милениче да носи облека? Можеби да носи марами, чевли, џемпери, кошули, а понекогаш и модни додатоци како капа и накит? Сигурно се запрашувате дали е здраво животните да носат облека како луѓето? Како тоа влијае на благосостојбата на животните кога тие носат облека направена за домашни миленици? Ако тоа е / не е здраво кои се придобивките и недостатоците?

Лично, верувам дека домашните миленици треба да се чувствуваат удобно во секое време, со или без облека. Постојат моменти кога на пример кучето треба да носи облека, а други ситуации кога истата е несоодветна. Сепак, треба да бидете отворени за можноста дека некогаш облеката е корисна за вашето куче. На пример, кога вашето домашно милениче е болно, не се чувствува добро, сака да спие и да одмара. Еден мек шал или ќебе ќе биде доволно да го затопли вашето миленичи и истото да се чувствува удобно. Или доколку живеете во средина каде времето е студено, со ветар и остар воздух. За да го стоплите вашиот миленик и истиот да ужива во прошетките надвор без оглед што е многу студено, врне дожд или паѓа снег, размислете да му облечете џемпер или јакничка. Понатаму доколку вашето домашно милениче претрпе некоја операција со која е отстрането дел од крзното, практично е да го облекувате сé додека неговото крзно не порасне. Облеката е примарна заштита од временските услови и препорачлива вашето милениче да не го загуби неговото крзно! Најбитно е да се разбере суштината за носење облека за домашните миленици и не дозволувајте истите да носат облека која е непријатна, неудобна и не е неопходна.

Пазарот за облека за домашни миленици во последната деценија е во рапиден пораст. Најмногу се произведува и купува во САД и Велика Британија. Како за пример во САД минатата година на облека на миленици се потрошени 60 милиони американски долари, а проекциите за 2016 година се 62 милиони.

Постои долга традиција на изработка на многу специфична но, функционална облека за животни. На пример античката војска им ставала кожени чизми на нозете на коњите со цел да ги заштити од снег. Полицијата ги облекува кучињата во флуоресцентни јакни.

Она што дизајнерите за овој вид на облека го советуваат е дека функционалноста секогаш мора да дојде пред модата и облеката за животни првенствено да биде удобна, комфорна, фунционална.

Еден од најпознатите дизајнери за облека за кучиња, Ruby Rufus направи уникатен стилски моден бренд во Велика Британија (http://www.rubyrufus.com/). Неговата инспирација било согледувањето дека кучињата често се принудени да носат непријатна и лошо изработена облека. Денес овој бренд е еден од најексклузивните и најбараните во бизнисот со дизајнирана облека за кучиња во светот. Специјализиран е за изработка на кашмир џемпери и јакни. Приходите остварени од продажбата на оваа линија на џемпери одат во добротворни цели во Велика Британија. Canine Styles е елегантен бренд основан во 1959 година во Њујорк, САД (http://www.caninestyles.com/). Овој бренд за облека за кучиња е познат по изработката на рафинирана или удобна облека.

Доколку на крајот сепак одлучите да го облекувате вашиот миленик, би сакала да ви дадам неколку совети:
1. Внимавајте на материјалот од кој е изработена облеката. Честопати волната знае да го топли вашиот миленик но, од друга страна истата може да го направи нервозен. Синтетиката е најлош материјал кој треба да го избегнувате бидејки вашиот миленик лесно ќе се поти, а од друга страна често ќе треба да ја перете. Најдобро е да се користи памучна облека која е пријатна за носење и лесно се суши.
2. Големината на облеката е многу значајна. Доколку нарачувате или купувате облека за вашиот миленик претходно земете ги сите потребни мерки (обем на врат, гради, должина и слично). Доколку вашиот миленик носи премногу тесна облека истата може да биде непријатна за одење и прошетки и вашиот миленик да стане нервозен.
3. Доколку купувате online преку интернет секогаш консултирајте ги мислењата кои за тоа парче облека го имаат дадено сопственици на други миленици. Препораките се одличен начин да бидете сигурни дека ќе нарачате вистинска облека за вашиот миленик.

На самиот крај за љубителите на модата кои сакаат нивниот миленик да биде стилизиран и во тренд, споделувам со вас галерија од мојата колекција:

Следете ме секојдневно на мојата facebook страна: https://www.facebook.com/LunaMalteseDog/

Може да ве интересира

Работливо мајмунче (видео)

Погледнете како ова мајмунче решило да помогне и да донесе две кофички вода.