вторник, 22 ноември 2016
Следете не на FACEBOOK!!!
мкденес / Миленици / Луна советува / Луна советува: Трикови за домашна дресура на вашето куче-прва епизода (фото/видео)
Ви благодариме!

Луна советува: Трикови за домашна дресура на вашето куче-прва епизода (фото/видео)

Драги мои читатели. Како за почеток на оваа недела би сакала да ве советувам на тема домашна дресура на вашиот нов миленик. За сите оние кои штотуку земале домашен миленик или се двоумат на таа тема, во наредните пет дена ќе ви дадам корисни совети за вкупно 52 трикови како самите да го дресирате вашиот миленик.

Пред да започнете со дресура на вашето куче во домашни услови задолжително купете си тастер кој е најдобар инструмент за подучување на вашето куче и истиот може да се користи речиси во сите ситуации и команди на кои сакате да се одзива вашиот миленик.

Второто нешто кое редовно треба да го користите при дресура на вашето куче е пофалба за секое научено и добро изведено однесување и задолжително давање на награда по истото (најчесто бисквит, но може и друг вид на храна).

Трик #1 – Реакција на тастер
Се препорачува обука со тастер за вашето куче. Ова е едноставен, но многу ефикасен метод. Вие не треба да имате големи познавања за дресура за да го користите овој метод.
Во суштина, сакате да постигнете добро однесување на вашето куче преку притискање на тастер. Ова значи дека вашето куче секогаш кога ќе кликнете на тастерот ќе знае дека направило нешто добро. Начинот на кој ќе го обучите вашето куче да одговори на тастерот е едноставно со притискање на истиот и веднаш пофалба за кучето и давање на награда (на пример бисквит). Нема да треба многу време за вашето куче да разбере дека секогаш кога ќе го слушне кликот на тастерот ќе знае дека ќе биде пофалено за неговото добро однесување.
Чекор 1: Кликнете на тастерот и веднаш упатете пофалба до вашето куче проследена со награда.
Чекор 2: Повторете 30 пати. Ова ќе го научи вашето куче да го поврзе кликот на тастерот со пофалбата која следи.
Чекор 3: За да се одржи оваа конекција, важно е да го следите правилото: Никогаш не притискајте на тастерот без пофалба за вашиот миленик, ниту пак да дадете пофалба без претходно да кликнете на тастерот.
Совет: По некое време, вашето куче веќе нема да реагира на тастерот туку веднаш ќе дојде по наградата. Поради ова, ќе бидете во искушение да притиснете на тастерот за да вашиот миленик дојде кај вас. Не го користете тастерот во вакви ситуации. Не заборавајте дека тастерот е наменет за да се „обликува“ однесувањето на вашето куче и доколку истиот го користите како потсетник може да влијае вашиот миленик да замине или да има сосема спротивно однесување.

Трик #2 – Научете го вашето куче на неговото име
Откако ќе го научите вашето куче да реагира на тастерот, вие сега сте во состојба да го научите да одговара на многу други трикови и команди. Доколку сакате добро обучено куче, една од првите работи што треба да ги научи е најосновната команда: неговото име.
Чекор 1: Игнорирајте го вашето куче сé додека тој гледа директно во вас. Кликнете и реагирајте.
Чекор 2: Направете го ова неколку пати, на крајот додавајте го името на вашето куче пред да кликнете и да реагирате.
Чекор 3: Продолжете да го правите тоа сé додека вашето куче не ве гледа кога ќе го изговорите неговото име.
Совет: Секогаш завршете пред вашето куче да се измори. Треба да настојувате вашето куче да ужива за време на тренингот бидејќи на тој начин сесијата ќе биде продуктивна.

Трик #3 – Научете го вашето куче да го допре крајот на стапот
Во следниот трик, ќе го научите вашето куче да го допре крајот на стапот. За оваа цел може да користите дрвен или пластичен стап кој е во должина од околу 92cm. Ве советувам на краевите од стапот да ставите селотејп со цел да го заштитите вашето куче од евентуални повреди од острите рабови.
Чекор 1: Држете го Вашиот стап подалеку од вас и почекајте.
Чекор 2: Кучињата се по природа љубопитни, па кога вашето куче ќе го допре стапот со носот или устата, кликнете на истиот и реагирајте. Продолжете да го правите ова сé додека вашето куче не се заинтересира за стапот. Доколку не е љубопитен да го допре стапот, нежно допрете му го носот со стапот и кликнете во исто време.
Чекор 3: Следниот пат кога ќе го допре стапот, кликнете на стапот и истовремено дајте му команда на кучето да го допре стапот.
Чекор 4: Кога кучето ќе може да го допре стапот на ваша команда, дадете му награда и пофалете го за доброто однесување.

Трик #4 – Научете го вашето куче да седнува
Бидете подготвени со вашиот тастер и чекајте вашето куче да седне. Овој дел од обуката е забава за вашето куче, тоа е како вид игра за нив. Тие треба да осознаат што треба да направат за да бидат пофалени и наградени. Тие може да се вртат околу, да легнуваат, да станат и да дојдат да ве њушкаат. Што и да прави вашето куче, едноставно игнорирајте го се додека не седне. Кога ќе го стори тоа веднаш кликнете на тастерот и пофалете го. Првата пофалба треба да биде срдечна за да може кучето да добие мотивација за понатаму.
Почекајте додека вашето куче не седне повторно. Кога и да седне стиснете на тастерот и веднаш пофалете го. Честопати кучињата при процесот на обука знаат да се исфрустрираат бидејќи не можат да се сетат зошто се пофалени или наградени првиот пат. Вие бидете упорни и продолжете понатаму со обуката. Кога вашето куче ќе стигне до стадиумот да реагира на вашата команда „седни“ по притискањето на тастерот, бидете сигурни дека веќе ја поврзало командата со своето делување. Во овој случај треба да го наградите вашето куче.
Чекор 1: Почекајте додека вашето куче не седне самото. Потоа притиснете на тастерот и пофалете го.
Чекор 2: Повторете неколку пати.
Чекор 3: Кажете „седни“ откако вашето куче ќе седне. Потоа притиснете на тастерот и пофалете го.
Чекор 4: Повторете неколку пати.
Чекор 5: Кажете „седни“. Доколку вашето куче седне, притиснете на тастерот и дајте му награда. Доколку не седне, вратете се на претходниот чекор 4.
Совет: Можеби ќе бидат потребни повеќе тренинг сесии за да може да успеете со овој трик. Земете во предвид дека оваа обука ќе ја вршите со вашето куче дома и ќе му давате доволно време за одмор помеѓу сесиите.

Трик #5 – Научете го вашето куче да легнува
Сé што ви е потребно за да го научите вашето куче да легнува е простор, тастер и пофалба. На почетокот дадете му пофалба на вашето куче за да може да започнете со дресурата. Понекогаш ова е наједноставен начин за да може вашето куче да сфати како да придобие повеќе пофалби.
Чекор 1: Земете го тастерот и бидете подготвени за пофалба на вашето куче.
Чекор 2: Почекајте вашето куче самото да легне. Кога ќе легне веднаш притиснете на тастерот и пофалете го.
Чекор 3: Почекајте вашето куче повторно да легне. Со текот на времето кучето ќе сфати дека секогаш кога легнува следува притискање на тастерот и пофалба.
Чекор 4: Кога вашето куче ќе започне почесто да легнува, давајте ја командата „легни долу“ откако ќе притиснете на тастерот.
Чекор 5: Откако ќе повторите неколку пати по ред, задолжително давајте ја командата „легни долу“. Откако вашето куче ќе легне секој пат давајте му награда.
Совет: Добро е оваа вежба да се прави во мал простор, на пример тоалет. Поради малиот простор, кучињата полесно и побрзо ќе легнуваат долу.

Трик #6 – Научете го вашето куче да стои во одредена позиција
Сега откако вашето куче веќе знае како да реагира на командите „седни„ и „легни долу“, следната команда на која треба да го научите е „стои“. Овде треба особено да земете во предвид дека стоењето е нормална работа за вашето куче и ќе биде потешко да сфати за што добива награда. Понекогаш ќе помогне доколку притиснете на тастерот кога кучето ќе застане од седечка или лежечка позиција. На овој начин тоа ќе сфати дека вие всушност очекувате од него да стои.
Чекор 1: Почекајте вашето куче да легне. Потоа почекајте да стане. Кога ќе стане притиснете на тастерот и пофалете го. Повторете го ова неколку пати сé додека кучето не сфати дека треба да застане за да биде пофалено.
Чекор 2: Употребете визуелен знак (како на пример кренете ја раката горе) и вербална команда („стои“), за да може да сфати дека истото е поврзано со стоењето. Притиснете на тастерот и пофалете го и наградете го вашето куче.
Чекор 3: Откако вашето куче ќе легне, дајте му команда „стои“. Откако ќе застане во совршена позиција дајте му награда.
Совет: Обидете се командите кои ќе ги давате да се состојат од најмногу два слични збора. Ова е наједноставен начин за да може кучето да ги распознае.

Трик #7 – Научете го вашето куче слободно да се движи
Сега откако вашето куче знае како да седнува, легнува и стои, следната команда која треба да ја совлада е ослободен. Оваа команда е многу полесно да се научи, доколку вашето куче знае да седне и да застане на ваша команда. Оваа команда е од суштинско значење бидејќи со истата му се инструира на вашето куче дека може да се движи слободно.
Чекор 1: Дајте му команда да седне. Откако ќе почекате 5 до 8 секунди продолжете понатаму со употреба на вербална команда со движење на вашата рака да му кажете на вашето куче дека е слободно да се движи. Откако тоа ќе го направи притиснете на тастерот и пофалете го. Повторете го ова неколку пати.
Чекор 2: Можеби ќе сакате да бидете помалку ентузијасти со вашата команда, и ќе сакате вашето куче да се ослободи кога ќе му се даде посуптилен знак. За да го направите ова, повторно дадете му наредба да седне. Откако вашето куче ќе седи 5-8 секунди, употребете само гласовна команда, но сепак бидете енергични како и претходно. Секој пат кога ќе го повторите ова, ќе сакате да го смирите вашиот ентузијазам за да ја направите командата посуптилна.
Чекор 3: Во наредните сесии продолжете го времето на чекање (околу 4 или 5 секунди по сесија) пред да му дадете ослободување на вашето куче, со што постепено ќе ја зајакнувате неговата издржливост, така што вашето куче ќе почека неколку минути пред да биде пуштено слободно да се движи.
Совет: Бидете ентузијасти при оваа сесија за да може вашето куче да ја научи командата

Трик #8 – Научете го вашето куче да дојде кога ќе го повикате
Доколку вашето куче не се одзива кога го викате, тоа не е безбедно да го шетате надвор без ремен. Дресирањето на вашето куче да дојде кога ќе го повикате не е значајно само за неговата безбедност туку го прави пријатно времето кое вие ќе го поминете со него знаејќи дека нема да побегне доколку го шетате без ремен. Доколку го учите вашето куче да доаѓа секогаш кога ќе го повикате, тогаш ќе изградите однос на взаемна доверба.
Чекор 1: Одете до вашето куче и дадете му команда која би ја употребиле за да го повикате вашето куче, а потоа да го пофалите. Повторете го истото неколку пати во текот на денот и секој пат давајте му на вашето куче различна награда (бисквит, сланина, пилешко).
Чекор 2: Одете низ собата во која се наоѓате со вашето куче и дајте му команда. Тој ќе дојде до вас за да биде пофален и да си ја добие наградата. Кога тој тоа ќе го направи, притиснете на тастерот и дајте му награда.
Чекор 3: Секој пат кога вашето куче доаѓа кај вас со подигната глава и ја става вашата рака под неговиот ремен треба да го пофалите. Ова е начин како вашето куче да се научи да доаѓа кај вас. Кучињата ќе побегнат доколку сметаат дека се заробени во одредена активност која инаку не би сакале да ја прават. Ова треба да биде ваша навика, исто како и за вашиот миленик.
Чекор 4: Обидете се да го повикате вашето куче од различни простории.
Чекор 5: Практикувајте да го повикате вашето куче кога тоа се интересира за нешто друго. Притоа практикувајте давање награда: некогаш едноставна пофалба, друг пат вистинска награда.
Совет: Соберете го вашето семејство и пријатели да ви помогнат. Обидете се некој од нив да го повика вашето куче. Доколку тоа отиде кај него, наградете го. Доколку отиде кај некој друг, бидете тивки и смирени додека не ја најде вистинската особа која го повикала.

Трик #9 – Научете го вашето куче да остане во одредена позиција
Иако некои сметаат дека оваа команда не е неопходна, доколку го научите вашето куче да седнува и легнува треба да знае и да се задржи во одредена позиција по ваша команда.
Чекор 1: Дајте му команда на вашето куче да седне. Потоа притиснете на тастерот и наградете го.
Чекор 2: Речете „седни“. Почекајте 6 секунди. Потоа кажете „слободен си“, притиснете го тастерот и наградете го.
Чекор 3: Кажете „седни“, „застани“ и почекајте 10 секунди. Потоа кажете „слободен си“, притиснете на тастерот и наградете го.
Чекор 4: Повторете 4 до 5 пати по сесија.
Чекор 5: Вежбајте го овој трик во повеќекратни сесии секој ден, постепено продолжувајќи го траењето то неколку минути пред да го ослободите вашето куче.
Совет: Бидете сигурни дека вашето куче ќе остане во одредена позиција сé додека не го ослободите од истата.

Трик #10 – Научете го вашето куче како да се движи
За добро дресирано куче, тренирањето како да се движи-да оди покрај вас странично без да влече е задолжително.
Чекор 1: Започнете со ставање на вашето куче на поводник за вашиот појас од левата страна. На овој начин не е потребно да ги користите рацете за да го држите поводникот.
Чекор 2: Доколку вашето куле го влече поводникот, никогаш не одете во насоката во која оди вашето куче.
Чекор 3: Доколку вашето куче е близу до вас, со рамењата до вашата лева нога, тогаш пристиснете на тастерот и наградете го (доколку сте во движење, застанете и наградете го).
Чекор 4: Кога вашето куче ќе започне секојдневно да се движи покрај вашата лева страна, започнете да употренувате команди „одиме“, „ајде“, „со мене“ за да тоа ги поврзе овие команди со позицијата во која се наоѓа.
Чекор 5: Притиснете на тастерот и пофалете го вашето куче секои десет чекори за тоа што се движи покрај вашата лева страна.
Чекор 6: Вежбајте ја оваа команда во сесии од 10 до 15 минути четири пати дневно за да може истата да ја научи.
Чекор 7: Кога вашето куче самостојно реагира на командите да оди покрај вас, тогаш може да прекинете со тренингот.
Совет: Започнете со дресура надвор со поводник во заграден простор за да не го загубите вашето куче.

Следете ме секојдневно на мојата facebook страна: https://www.facebook.com/LunaMalteseDog/

Може да ве интересира

Мајмунче прави склекови (видео)

Погледнете го ова преслатко мајмунче како прави склекови.

Translate »