Добро утро драги мои читатели. Денес продолжуваме со совети на тема домашна дресура за вашето куче која како тема ја започнавме минатата недела. Ќе ви претставам уште десет трикови како вашиот миленик да научи да одговара на вашите команди.
Трик #11 – Земи
Со оваа команда ќе го научите вашето куче да земе одреден предмет кој му гу посочувате.
Чекор 1: Земете една од омилените играчки на вашето куче и ставете ја на под. Почекајте кучето само да ја земе во устата. Притиснете на тастерот и пофалете го кучето.
Чекор 2: Повторете го ова неколку пати. Кога вашето куче самото ќе ја зема играчката, започнете да ја давате командата „земи“ кога ќе притиснете на тастерот и ќе го пофалите кучето.
Чекор 3: Неколку пати по оваа команда, видете дали вашето куче ќе се одзива на командата и ќе реагира на истата.
Чекор 4: Видете колку предмети ќе зема на вашата команда. Посочете му кон одреден предмет и дајте му ја командата „земи“. Потоа притиснете на тастерот и пофалете го.
Совет: Откако ќе го научите вашето куче да реагира на командата „земи“ подоцна ќе ви олесни за учење на многу други трикови.
Трик #12 – Остави
Ова не е само трик туку истовремено може да му го спаси животот на вашето куче.
Чекор 1: Со вашето куче на поводник, дозволете му да мириса бисквит, а потоа оставете го бисквитот на два или три чекори пред вашето куче.
Чекор 2: Викнете го по име и кажете му „остави“. Ограничете го кучетот да го земе бикзвитот со потегнување на поводникот.
Чекор 3: Кога вашето куче ќе ве погледне, притиснете на тастерот и наградете го со коцка пилешко месо. Пофалете го кога ќе ви го врати бисквитот за да ја земе коцката пилешко месо.
Чекор 4: Повторете ги чекорите 1-3 пет пати.
Чекор 5: Во следната сесија, повторете ги чекорите 1-4 но користете парче виршла како мамка и црн дроб како награда.
Чекор 6: Во следните сесии учете го вашето куче на командата „остави“ но одврзани и во отворен двор.
Чекор 7: Редовно повикувајте го вашето куче далеку од она што тоа го сака (на пример други кучиња), а потоа дозволете му да се врати и пофалете го на крајот.
Совет: Бидете трпеливи со вашето куче. Дозволете му да знае дека секогаш кога нешто ќе остави, ќе добие нешто подобро за возврат.
Трик #13 – Донеси
Со оваа команда ќе го научите вашето куче да ви донесе одреден предмет.
Чекор 1: Кажете му на вашето куче да ви донесе една од неговите играчки преку употреба на командата „земи“.
Чекор 2: Охрабрете го кучете да дојде кај вас заедно со играчката. Притиснете на тастерот и пофалете го доколку почне да ја носи играчката кон вас. Повторете го ова неколку пати.
Чекор 3: Продолжете да го охрабрувате да ја носи играчката кон вас. Притиснете на тастерот кога ќе се приближи до вас заедно со играчката.
Чекор 4: Повторувајте ги овие чекори сé додека вашето куче не ја донесе играчката директно до вас. Притоа користете ја командата „донеси“.
Чекор 5: Ставете ја играчката на под и движете се низ просторијата. Потоа кажете „земи“ и „донеси“. Доколку вашето куче ве послуша и реагира на командите, притиснете на тастерот и дајте му награда.
Совет: Вежбајте со различни предмети во различни простории и користете и други лица да му даваат команди на вашето куче.
Трик #14 – Научете ги називите
Научете го вашето куче на називите на различни предмети од домот.
Чекор 1: Дозволете вашето куче да ви ја допре раката и притиснете на тастерот.
Чекор 2: Држете предмет во вашата рака и дајте му команда „допри„. Притиснете на тастерот кога ќе го допре предметот, но не кога ќе ви ја допре раката.
Чекор 3: Именувајте ги предметите кога ќе ги допре. Притиснете на тастерот и пофалете го.
Чекор 4: Повторете го ова пет пати.
Чекор 5: Држете го предметот, кажете го неговото име и притиснете го тастерот и пофалете го кучето кога ќе го допре истиот.
Чекор 6: Со цел да ги научи имињата на луѓе и местата користете го стапот за обука за да посочите кон одредено лице или место.
Совет: “Teach your dog to round up your kids! Instead of going to get them yourself, you could combine this trick with “Speak” and tell your dog to “Go get Emma!” Once he finds her, he will bark once to let her know she’s wanted.” Научете го вашето куче да ги заокружи вашите деца! Наместо самите да одите да ги повикате, може да се комбинираат со овој трик со „оди викни ја Ема“! Откако вашето куче ќе ја најде, тој ќе лае за да ја викне.
Трик #15 – Ѕвони
Научете го вашето куче да ѕвони кога ќе сака да излезе надвор.
Чекор 1: Користете го стапот за обука да посочите кон ѕвончето.
Чекор 2: Кога ќе го допре ѕвончето, притиснете на тастерот и пофалете го.
Чекор 3: Кога самото ќе го допре ѕвончето, притиснете на тастерот и дајте му награда.
Чекор 4: Секогаш кога го изнесувате надвор, задолжително прво да притисне на ѕвончето. Наградата да биде отворање на вратата за да може да излезе надвор.
Чекор 5: Кучето за неколку дена ќе научи дека вратата се отвора само ако заѕвони на ѕвончето.
Совет: Чувајте го ѕвончето близу до влезната врата од вашиот дом за да му биде достапно на вашето куче. Исто обезбедете дека е добро врзано за да не може вашето куче да го откине и голтне.
Трик #16 – Вршење нужда на команда
Вежбањето на овој трик е подобро отколку да се поминат часови на отворено кога е врнежлив ден.
Чекор 1: Одредете место во вашиот двор каде вршењето нужда ќе биде поедноставно.
Чекор 2: Почекајте додека вашето куче не заврши, потоа притиснете на тастерот и пофалете го.
Чекор 3: Сторете го ова секој пат со употреба на командата како на пример „најди добро место“.
Чекор 4: Бидете упорни и користете различни видови на награда.
Совет: Не треба да му давате на вашето куче храна како награда секој пат кога ке изврши нужда по вашата команда. Како замена изнесете го на долга прошетка бидејќи кучињата сакаат внимание исто колку и храна.
Трик #17 - Скокни
Научете го вашето куче да скокне по стапот.
Чекор 1: Нека вашето куче седи и стои додека е стапот на под. Преминете на другата страна од стапот и повикајте го вашето куче. Кога кучето ќе премине преку стапот, притиснете на тастерот и пофалете го.
Чекор 2: Повторете го ова неколку пати пред да го подкренете стапот во висина. Притиснете на тастерот и пофалете го кога ќе премине преку стапот.
Чекор 3: As your dog becomes accustomed to crossing the stick, add height with more books. Once it gets high enough that your dog has to jump over it, start saying “Leap” before clicking and treating. Keep doing this until your dog will leap when commanded! Откако вашето куче ќе се навикне да го преминува стапот, додадете висина со повеќе книги под стапот. Откако стапот ќе биде доволно високо поставен, вашето куче ќе мора да скокне преку него. За тоа користете ја командата „скокни“, потоа притиснете на тастерот и пофалете го.
Совет: Користете висина за стапот зависно од видот и возраста на вашето куче.
https://www.youtube.com/watch?v=340l3fx_B7Q
Трик #18 – Скокање преку обрач
Со користење на командата „скок“, научете го вашето куче да скока преку обрач.
Чекор 1: Овозможете вашето куче да се навикне на обрачот. Поставете го обрачот на под, и секогаш кога вашето куче ќе му се приближи притиснете на тастерот и пофалете го.
Чекор 2: Користете држач за обрачот на под пред него (не кревајте го обрачот).
Чекор 3: Повикајте го вашето куче за да го намамите кон обрачот. Притиснете на тастерот и пофалете го кога ќе се движи кон обрачот. Повторете го ова повеќе пати за да се навикне да оди низ обрачот.
Чекор 4: Hold the hoop a bit higher and tell him to “Leap!” Click and treat if he jumps through the hoop. Држете го обрачот малку повисоко и дајте му команда на вашето куче „Скок„! Притиснете на тастерот и пофалете го доколку скокне низ обрачот.
Чекор 5: Keep on giving the hoop more height, clicking and treating each time. Кревајте го обрачот повисоко и притискајте на тастерот и пофалете го кучето.
Совет: “Try using hoops of various sizes. Start out with a standard size hula hoop, but as your dog perfects the trick, try decreasing the size of the hoops. It’s quite a spectacle to watch a full grown dog leap through a tiny hoop!” Обидете се да користите обрач од различна големина. Започнете со стандардна големина хулахоп, но како што вашето куче ќе го усовршува трикот, обидете се со намалување на големината на обрачот.
Трик #19 – Скокање преку луѓе
Ова е интересен трик за во двор.
Чекор 1: Доколку вашето куче лесно може да скока преку стап може да започнете да го учите да скока преку луѓе кои се наоѓаат во клекната положба на нивните раце и колена.
Чекор 2: Најпрвин вашето куче нека скокне преку стапот. Притиснете на тастерот и пофалете го (повторете го ова неколку пати).
Чекор 3: Користете помошни стегачи на дланките и колената.
Чекор 4: Држете го стапот над кучето. Потоа натерајте го да скокне преку него. Притиснете на тастерот и дајте му награда откако ова ќе го направи. (Доколку вашето куче не сака да скока преку стапот со одредено лице кое е клекнато под стапот на земја, тогаш тоа лице најдобро е да легне на земја).
Чекор 5: По неколку повторувања натерајте го вашето куче да скока без употреба на стап. Откако ќе го направи ова притиснете на тастерот и пофалете го.
Чекор 6: Обидете се со додавање на други луѓе распоредени на околу 10 чекори помеѓу нив.
Совет: Луѓето може да бидат дури и понепредвидливи од кучињата. Така да бидете сигурни дека секој од вашите волонтери ќе разбере дека тие треба да молчат и да не се движат или да бидат во одредена позиција додека обуката за овој трик е во тек.
Трик #20 – Оди на место
Научете го кучето да оди на своето место каде претходно било.
Чекор 1: Дозволете му на вашето куче да го допре стапот за тренинг. Притиснете на тастерот и пофалете го.
Чекор 2: Ставете лента или диск на подот. Употребете го стапот за тренинг да покажете кон тоа место и притиснете на тастерот/пофалете го кога ќе биде на тоа место. Вежбајте го ова неколку пати сé додека вашето куче самото не оди на местото на кое му покажувате.
Чекор 3: Именувајте го местото со одредени име (точка, цел, и слично) кога вашето куче ќе застане на истото. Повторувајте сé додека не го кажете името на местото и вашето куче веднаш дојде таму. Потоа притиснете на тастерот и пофалете го. Откако ова ќе го научи ќе можете да го ставите предметот кој ја означува целта каде треба да дојде било каде во просторијата и вашето куче веднаш ќе дојде таму.
Трик #21 – Врти се
Научете го вашето куче да се врти во круг
Чекор 1: Користете го стапот за допир, наведувајте го вашето куче со него во кружни движења. Кога ќе направи целосен круг со движењето, притиснете на тастерот и пофалете го.
Чекор 2: Продолжете да го правите ова неколку пати, евентуално додавајќи сигнал со раката (кружно движење со показалецот).
Чекор 3: Помалку користете го стапот за допир. Кога вашето куче ќе се врти без стапот, почнете да ја употребувате командата „врти се“.
Чекор 4: Вежбајте сé додека вашето куче не се врти на ваша команда!
Совет: Може да го вежбате овој трик и со употреба на тастер за да го фатите кучето кога си ја брка сопствената опашка!
Следете ме секојдневно на мојата facebook страна: https://www.facebook.com/LunaMalteseDog/