четврток, 1 декември 2016
Следете не на FACEBOOK!!!
мкденес / Миленици / Луна советува / Луна советува: Запознајте си го вашето семејство (фото/видео)
Ви благодариме!

Луна советува: Запознајте си го вашето семејство (фото/видео)

Добро утро драги мои. Како што ветив би сакала денешната колумна да ја посветам на моето семејство. Во неделата бев многу среќна бидејќи имав можност да ги запознаам мојата мајка и татко и една од моите сестрички. Се сретнавме во парк заедно со нашите сопственички и беше мошне интересно.

Мојата мајка Инна е стара 4 години, а таткото Вито 6 години. Досега имаат две легла со вкупно 7 мои братчиња и сестрички (2 женски и 5 машки): Лина, Диа, Алдо, Ноа, Барон, Горан, Скај. Јас сум родена во првото легло на 14 мај 2015 година.

Мојата мајка Инна лево и јас десно
Со мајка ми Инна и татко ми Вито
Со мајка ми Инна, татко ми Вито и сестра ми Лина

Кога ја видов мајка ми Инна првата реакција беше взаемно нушкање, а потоа таа почна да ми лае и р’же. Бидејќи беше возбудена мораше да и стават маска. Потоа дојде мојот татко Вито кој е мошне позитивно и дружељубиво куче. Нормално не позна дека сум му ќерка туку почна да ме њушка како и сите други кучиња женки. Постојано трчаше во тревата и си играше. На крајот дојде мојата сестричка Лина која по раст е најмала од сите нас. Беше многу исплашена. И требаше повеќе време да се опушти и да почне да се дружи и игра со нас.

Кучињата имаат долготрајна меморија и може да се случи да ги распознаат своите деца. Но, тоа зависи од многу фактори пред сé колку долго се разделени меѓусебно. Доколку се случи да се распознаат тоа може да биде слично како и кај луѓето: на пример среќавате човек на улица и на почетокот не се сеќавате дека е ваш пријател од одамна, но потоа откако ќе се сетите вашето однесување е пријателско и возбудено. Некои кучиња ги третираат сите останати кучиња на ист начин како и сопствените деца по разделбата, додека други кучиња женки не дозволуваат други кучиња да се приближат до нивните деца. Оттаму овие женки кучиња ќе бидат воодушевени од подоцнежната средба со своите деца.

Препознавањето на мајката и децата по разделбата претежно зависи од средината и околностите во кои живееле во меѓувреме и приврзаноста на кучињата со мајката пред нивната разделба. Кучињата преживуваат голем број промени во текот на животот и со изминување на годините. Најчесто мајките не се во можност да ги сретнат своите деца кученца во текот на животот.

Иако не постојат конкретни докази дека кучињата кои се во крвно сродство може меѓусебно да се распознаат подоцна во текот на животот, некои научници сепак сметаат дека тоа е можно. Steven R. Lindsay, автор на книгата “Прирачник за однесувањето и дресура на кучињата” смета дека родителите и децата кучиња може да се распознаат доколку биле заедно во критичните недели за социјализација (од трета до 16 недела од животот на новородените кученца).

Исто така е можно кучињата да се распознаат по мирисот. Имено сетилата за мирис кај кучињата се за 10,000 до 100,000 пати појаки од оние кај луѓето и оваа способност им овозможува да распознаат нешта кои не ги виделе со години. Слично на тоа, истражувањата покажуваат дека кучињата може да се сетат и да препознаат одредени лица и да прочитаат одредени изрази на лицето. Paolo Mongillo од Универзитетот во Падова во Италија спроведе студија со цел да утврди дали едно куче може да препознае лице на својот сопственик. Кога на кучето му се претставени неговиот сопственик и друго лице, кучето покажува предност на неговиот сопственик, но на истиот му покажува помалку внимание кога лицето му е сокриено. Доколку кучето може да го препознае лицето на некое друго лице, веројатно е дека тоа ќе биде во можност да го препознае лицето на својот сопственик. Ова, сепак, е претпоставка.

Како и кај луѓето, кучињата кои се во крвно сродство делат ДНК, и токму таа е еден од факторите поради кои треба да се внимава при парење на кучињата (истото да не биде со некој од нивното крвно сродство). Според теоретичарите за еволутивниот развој на кучињата, сите живи суштества се вродено програмирани да се однесуваат на таков начин за да се обезбеди опстанокот на нивната ДНК во следната генерација.

За крај на денешната колумна, погледнете како оваа мајка ќе се сети на плачот на своите деца три години по нивната разделба.

Може да ве интересира

Нема врска со умор: Ако вашето куче се проѕева, ви порачува нешто многу важно

Кога вашиот домашен миленик се проѕева, вие мислите дека е тоа само затоа што е …

Translate »