Македонија во финале на Европската лига- Одбојкарите со пожртвувана игра направија пресврт и ја победија Данска! - Македонија Денес

Македонија во финале на Европската лига- Одбојкарите со пожртвувана игра направија пресврт и ја победија Данска!

Facebook Twitter Pinterest Linkedin Google + Email
Опомена!!!

Вечерва од 19.00 часот се играше во Данска полуфиналето од Европската лига, а нашите одбојкари успеаа да слават против домаќинот.

Македонија се пласираше во финалето и по трет пат ќе има шанса да се бори за златото откако ја победи репрезентацијата на Данска во полуфиналето од Европската лига. „Спартанците“ не започнаа како што знаат и умеат, па така после два одиграни сета губеа со 2:0.

Меѓутоа работите се променија во третиот сет, нашите одбојкари со пожртвувана игра и срце на терен, успеа да ги земат работите во свои раце и да намалат на 2:1. Добрата партија продолжи во четвртиот сет, па така репрезентацијата на Македонија изедначи на 2:2.

Петиот и решавачки сет започна изедначено, а се играше поен за поен. Со одлична одбрана и две контри, нашите одбојкари успеаа да поведат со 12:9, за на крајот да го добијат одлучувачкиот сет со 15:11. Утре противник на одбојкарите во финалето ќе им биде Украина, која во пет сета ја победи Шведска.

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »