петок, 30 декември 2016
Следете не на FACEBOOK!!!
мкденес / Иновации / ИКТ / ICT / Мал ама моќен: Ви го претставуваме телефонот кој чини само 4 долари (видео)
Ви благодариме!

Мал ама моќен: Ви го претставуваме телефонот кој чини само 4 долари (видео)

За најскапите телефони на светот се пишува речиси секој ден, тие се главна вест во светот на мобилните телефони штом се појават, а оние кои сакаат најдобри брендови ќе ја платат која и да е високата сума само за да имаат некој од тие луксузни апарати.

Мобилните телефони веќе подолг период се работа на престиж, во редици се чека на нови модели на iPhone, но што е со оние кои се евтини.

Нивни корисници постојат и се задоволни од своите апарати, а токму од тие причини бил тестиран и најевтиниот телефон ан пазарот. Икон 4 ги задоволува сите потреби на корисниците на андроид телефоните, работи на андроид 5.1 Лолипоп и има екран од 4 инчи.

Нема некоја луда камера туку се задоволува со 5 мегапиксели и гига рам простор. Покрај тоа, за 4 долари добивате дуал сим телефон кој како додаток има и слушалки, микроусб кабел и заштитна маска за екран.

Овој андроид на допир наликува на мал iPhone, има солидна брзина на апликациите и процесуирање на податоците, а општ впечаток е дека за оваа цифра се добива и повеќе од солиден телефон.

Може да ве интересира

Постирајте видеа во живо со агол од 360° со помош на овој компактен уред (видео)

Запознајте се со Lyfies - новата генерација на селфи фотографиите. LyfieEye e првиот сферичен апарат …

Translate »