петок, 17 февруари 2017
Следете не на FACEBOOK!!!
мкденес / Иновации / Медицина и фармација / Мал гениј: Момче од 9 години ги изместува границите на технологијата (видео)
Ви благодариме!
момче

Мал гениј: Момче од 9 години ги изместува границите на технологијата (видео)

Келрамон Мабалот со помош на 3Д печатар направил простетичка дланка, што не би било толку чудно доколку момчето немаше 9 години.

Келрамон е чудо од дете, на само 9 години основал фирма со својот 3 години постар брат, а својата ингениозност ја докажува на секој чекор. На неговото познавање на технологијата може да му завидуваат и многу признати истражувачи, а тој сака да се специјализира за роботика.

Последното во низа негови достигнувања е протеза која ја направил за 39 – годишниот Ник Сасакис кој е роден без десна дланка. Келармон простетичката замена ја направил со помош на 3Д печатар, што е неколку пати поевтина метода од конвенционалните протези.