Дали мислите дека селфи фотките со “duck face” се секси и го привлекуваат машкото вимаине. Размислете уште еднаш..
Токму поради тоа што многу жени на својот Инстаграм и Фејсбук профил преферираат да ставаат токму такви фотографии, не значи дека истите имаат голема шанса да “поминат” кај спротивниот пол. Мажите отворено признаваат дека тие слики ги одбиваат па колку и добро да изгледате на нив.
Сепак, тука не е крајот на ситниците на женските профили кои ги иритираат мажите…Има уште!
Од друга страна има и многу работи со кои мажите едноставно можат да се “купат” со профилната слика!
Што ги возбудува?
1.Фотографиите на кои се гледа целото ваше тело, со краток фустан или костим за капење, но тоа да не биде нешто вулгарно и претерано секси. Секогаш со мерка!
2.Вашите заби, односно широката насмевка на фотографијата. Така делувате поведро, попристапно, поприземно и нормално.
3. Фотографии од патувања, затоа што сакаат жени кои се љубопитни, со широки погледи и подготвени за авантури.
4. Фотографии од вашето хоби, затоа што сакаат да имаат работа со сестрана девојка, на која позирањето не и е се во животот.
Што ги одбива?
1.Преголем број на “duck face” слики…Тоа едноставно делува премногу нарцисоидно и умее да делува контапродуктивно.
2. Споделување приватни драми и проблеми, пресметки и дискусии со други луѓе
3. Генерално преголем број на селфи слики дава впечаток дека сте преоптеретени со себе и својот физички изглед.
4. Играње детектив на друштвените мрежи и испрашување кои се тие жени кои ви ги лајкуваат објавите на Фејсбук.