петок, 24 февруари 2017
Следете не на FACEBOOK!!!
мкденес / Бизнис вести / Свет / Милијардер открил која вештина ќе ви донесе најмногу пари во иднина (видео)
Ви благодариме!
милијардер

Милијардер открил која вештина ќе ви донесе најмногу пари во иднина (видео)

Милијардер, софтверски девелопер и сопственикот на коршаркарски клуб Далас Маверикс, Марк Кјубан, открил која професија и вештини ќе бидат најплатени во блиска иднина. Во прашање е „креативно размислување“.

Кјубан во интервју за Bloomerg TV предупреди дека наскоро дури и луѓето со врвно знаење на програмирање ќе бидат заменети, пишува „Тајм“.

-Програмирањето беше одлична професија пред неколку години, но програмерите би можеле да останат без работа во следните пет години“, изјавил овој милијардер цитирајќи го тоа се што се вика „автоматизација на автоматизацијата“, односно процесот во кој компјутерите самите учат да пишуваат програми подобро од што тоа го прават луѓето.

Кјубан исто така истакнал и дека „природата на таа професија се менува“.

-Лично мислам дека побарувачката за слободните уметници во следните 10 години ќе биде поголема отколку по програмерите или дури инженерите“, кажал Кјубан.

Според неговото мислење, добивање на големи количини готови и средени податоци ќе бара поинаква перспектива на гледање на нив, за да изродат нови работи и идеи.

Конкретно, експертите за филозофија и странски јазици во следната деценија ќе бидат најбарани, смета Марк.

Може да ве интересира

Тојота ја загуби титулата најпродаван производител на автомобили во светот, а првото место го презема Групацијата Volkswagen

Тојота ја загуби титулата најпродаван производител на автомобили во светот, а првото место го презема …