сабота, 5 ноември 2016
Следете не на FACEBOOK!!!
мкденес / Интервју / Таленти / Младиот голем уметник! Дали талентот се раѓа, или се создава уште од најрана возраст?
Ви благодариме!

Младиот голем уметник! Дали талентот се раѓа, или се создава уште од најрана возраст?

ИНТЕРВЈУ на Вејчеслав Поповски

МД:Кои беа вашите почетоци?

ВП:Имав само пет години кога побарав да ми купат тапан и сам почнав да свирам, имав големо чуство за ритам. Следната година веќе бев член на ДКЦ „Карпош“, а подоцна почнав да свирам и на синтисајзер. Дедо ми ме навлече во светот на нотите и денес јас веќе сум ученик во средното музичко училиште и музиката е мое секојдневие. Идејата да почнам да пеам се роди со настапот на Златно славејче во 2010 година кога ја испеав песната „Скопје е мојот град“, со кој настап сите што ме слушнаа забележаа дека имам убав глас кој не е карактеристичен за мојата возраст, звучеше моќно. Од тогаш почнав да се интересирам за класичната музика, таа претставува предизвик за секој пеач. Се пронајдов себе си, со невидена леснотија ги пеев песните на големите мајстори, Павароти ме воодушевуваше и полека навлегов во волшебниот свет на музиката. Идејата да снимам свое цеде беше на дедо ми, кој тоа ми го соопшти уште кога бев на турнеа со играорната во Италија каде што имав и можност да ја изведам канцоната „О соле мио“ од која изведба сите присутни беа воодушевени и тоа како да беше пресудно да снимам цеде во август 2011 година по враќањето од Италија.

МД:Почнавте со свирење а продолживте со пеење велите. Дали во семејството има музички корени?

ВП: Јас потекнувам од музичко семејство и од моето најрано детство сум опкружен со музика. Мојот дедо е музички педагог, свири на кларинет и автор е на многу учебници и друга музичка литература. Баба ми пее убаво и со неа уште од мал често знаеме да запееме заедно, а татко ми не прати на хармоника. Интересно е тоа што во моето семејство сите се ангажирани за моите настапи и секој си има своја улога во тоа, дури и мојот помал брат Горјан секогаш е со мене и ми држи среќа кога пеам и се натпреварувам. Татко ми е секогаш најголемиот критичар за моите настапи и секогаш ме мотивира и ми дава енергија. Со мајка како и обично се договараме за облеката и тоа како треба да изгледам на настапите. Јас многу сум му благодарен на моето семејство што ме подржува во желбата да успеам да го надградувам мојот талент.

Музиката од секогаш била присутна во мојот живот и моето семејство

МД:Кога одлучивте дека музиката ќе биде ваша професионална определба?

ВП: Мислам дека музиката ја чувствував во мене и се обидував да свирам на се што можеше да пушта звук, ја барав насекаде и во еден момент го гледам филмот „АМАДЕУС“, посветен на големиот композитор Волфганг Амадеус Моцар и многу е интересно кога ќе се сетам какво влијание имаше врз мојата одлука дека јас сакам да бидам дел од светот на музиката. Го гледав постојано по неколку пати на ден и се восхитував на неверојатниот талент. Од тука ми се јави љубовта кон класичната музика, па така почнав да се интересирам за делата на Верди, Пучини, Бетовен и др. Јас ја сакам сцената и кога сум на сцена сум како свој на свое, уживам во убава и полна сала, пратен со убава музика и тогаш мојата изведба е врвна и сум сигурен дека мојата одлука е вистинска.

МД: Како го негувате и надградувате вашиот талент?

ВП: За да се занимаваш со уметност секако најпрвин треба да имаш талент, но потребно е и многу работа. Јас од 11 години посетувам часови по пеење , но и дома секојдневно слушам музика и го вежбам својот глас. Денес во средното музичко училиште сум во класата на проф. Александра Коцевска и со неа работиме секојдневно на развојот на мојот глас.

МД: Каде имате настапувано до сега?

ВП: До сега имам учествувано на Фестивалот на детска песна „ Златно Славејче “ со песната „Скопје е мојот град“ во 2010 година , учествуваше на Фестивал на детска песна „Златна Пахулја“ во Црна Гора во 2010 година , летото 2011 година беше на фестивал во Италија во Лидо Дијесело каде настапи со песната „ O, sole mio “. На прославата на 20 годишнината од независноста на РМакедонија на 8 Септември 2011 година заедно со најпопуларните пејачи ја изведоа песната „Македонија“ од композиторот Кире Костов.

Имам снимено и свое прво солистичко ЦД насловено „ БИСЕРИ “ кое е компилација на македонски народни песни и италијански канцони кои ги пеат најпознатите пеачи како Лучијано Павароти, Андреа Бочели, Хозе Карерас ,Елвис Присли и други. По медиумската промоција и презентацијата, цедето беше многу добро прифатено како од неговите врсници, музичката критика така и од пошироката јавност.

На покана на Претседателот Ѓорѓи Иванов во 2012 година на официјалниот Новогодишен прием за Дипломатскиот кор во Музејот во Битола се претставив со четири македонски народни песни и мојот настап на големо задоволство од сите присутни беше прифатен со големо воодушевување.

Во март 2012 година настапи на Интернационалниот фестивал за деца и млади „Отворена Европа“ во Москва каде го освои првото место со лауреат од прв степен. На фестивалот настапија голем број на учесници од многу земји во светот, а особено и врвни таленти на московската музичка школа.

По ова гостување, организаторите на фестивалот „Red See Јoy’s“ од Израел на 4 мај 2012 година ме поканија да учествувам на овој интернационален фестивал за деца на кој ја освои Гранд При наградата во конкуренција на многу учесници од целиот свет.

Исто така земав учество и на фестивалот фолк фест „Преспа“ кој што се одржа на 02.02.2025 година, каде од жири комисијата бев прогласен како најдобар и го освоив првото место во конкуренција на познати музички имиња од нашата естрада.

МД: Дали имате и некои професионални ангажмани или изведби кои ви се посебно важни?

ВП: Во јуни месец 2012 година на покана на режисерот Столе Попов, добив улога во новиот филм „ До Балчак – приказна од дивиот исток “ каде што јас сум пејач на балот и ја пеам познатата македонска народна песна „ Бор садила мома Евгенија“ во една од најмасовните сцени од филмот.

Во месец Август 2012 година на Меѓунаародниот Арт фестивалот „Езерски Бисери“ кој се одржи во Струга, го освоив првото место во категоријата соло пеење и специјалната награда БИСЕР на фестивалот.

Во месец октомври 2012 година учествував на Меѓународниот фестивал „Звездички„ во Прилеп на кој ја освоив Гран При наградата на фестивалот.

Во месец ноември 2012 година учествував на Меѓународниот фестивал „ Шкољкица „ во Нови Сад, Србија каде што ја освоив првата награда на фестивалот.

Како најзначаен проект за мене во наредниот период односно од 11 - 21 Јули 2013 година беше учеството на Светскиот музички шампионат во Холивуд, Лос Анџелес, каде што Македонија првпат имаше свое претставување. На овој шампионат се натпреварував во категоријата соло-пеење - јуниори и тоа во пет стила (опера, латино, светска музика, отворен стил и поп-музика) и освоив три златни и два сребрени медали. Со награда „светски шампион“ се стекнав во три стила - опера, латино и отворен стил. Јасисто така бев и меѓу најдобрите учесници од неколку земји кои по две селекции имаа можност да настапат на телевизиско шоу. По овој настап пред дваесетчлено жири од врвни имиња од шоу-бизнисот во САД, од неколкумина од нив добив покана за понатамошен ангажман и соработка.

На Светскиот шампионат во изведувачка уметност одржан во Холивуд, Лос Анџелес, САД, учествуваа натпреварувачи од 53 држави од целиот свет. За овој шампионат бев избран од Г-ѓа Адриен Јунек, национален директор за овој дел од Европа со седиште во Будимпешта која изминатиот период ги следела моите успеси и како резултат на тоа ме покани како претставник на шампионатот во Америка каде за да бидеш избран да настапуваш во другите земји учеснички на шампионатот како Русија, Австралија, Јужна Африка, Филипини, и многу други организираат претходни регионални натпревари.

Во периодот од 08-11 мај 2014 година на покана на организаторот учествував на познатиот француски фестивал „Festival de la voix“, Jonzac France каде ја освоив првата награда на фестивалот во категорија на соло пеење.

Интервјутот со Вејчеслав Поповски продолжува на втората страна.