Младите во Македонија – Другата страна на поразителните бројки - Македонија Денес

Младите во Македонија – Другата страна на поразителните бројки

Facebook Twitter Pinterest Linkedin Google + Email
Опомена!!!
Деновиве масовно се споделуваат поразителните статистики за младите во Македонија. За тие што не прочитале:

4/5 од младите би се иселиле надвор од Македонија.

¾ живеат со родителите.

2/3 се функционално неписмени.

½ се невработени.

Бројките се навистина поразителни и застрашувачки но во исто време претставуваат само една реалност- негативната! Реалност во која младите не гледаат живот во Македонија. Реалност во која младите се зависни од родителите и реалност во која е тешко да се најде работа. И да, тоа е реалност, но само една димензија на реалноста во која живееме.

Постои и една друга реалност. Реалност која за жал, не успеваме толку масивно да ја споделуваме. Реалност во која младите се во контрола на своите животи. Реалност во која младите творат во Македонија, создаваат во Македонија, креираат продукти на кој цел свет им се восхитува и без разлика на тешкотиите и препреките, решени се да успеат од тука, од Македонија.

Земете го за пример Хајан Селмани. Доаѓа од мало село во Западна Македонија. Ако ја погледнете неговата реалност, би кажале дека тој немал никакви реални шанси за огромен успех. Денес, Хајан е сопственик на Хаселт, македонска IT компанија која вработува над 50 вработени и има клиенти насекаде во Европа.

Арбен Јусуфи доаѓа од с. Врапчиште во Гостивар! Ако гледате реално на неговата ситуација, ни Арбен немал шанси за некаков успех во животот. Денес тој е сопственик на Леорон , интернационална компанија која растура низ Блискиот Исток и вработува над 100 млади луѓе, тука во Македонија.

Петар Ниновски кој преку својата компанија Brainster им помага на младите да создадат посветла иднина, Иван Ивановски од Venicom за чија апликација Bike Computer пишува сиот свет, Мартина Димовска која со своите 23 години е прогласена за најмлад NASA ментор, Ненад и Крис од Signori, чии одела ги носи светскиот бизнис џет сет, Нина Николиќ која е апсолутна ѕвезда во регионалниот старт ап свет.

Петар Ниневски

Иван Ивановски

Мартина Димоска

Ненад и Крис- Signori

Нина Николиќ

Споделувајте масовно и за овие луѓе! Споделуваjте масовнo и за оваа генерација на млади кои реално немале никаква шанса за успех но погодете што?! Успеале! И успеале од тука, од Македонија. Од истата земја од која 4/5 од младите би сакале да се иселат. Од истата земја во која ½ од младите се невработени!

Знам дека не чека долг пат! Знам дека бројките се далеку од розови и знам дека можеби премногу наивно гледам на работите но во исто време ги гледам успесите на младите луѓе околу мене и би сакал да верувам дека нивната реалност, еден ден ќе биде реалност на сите млади!

Ако не ние, кој! Ако не сега, кога?

Автор-колумнист: Коста Петров, P World

 

Опомена!!!
Facebook Twitter Pinterest Linkedin Google + Email

Поврзани вести

Translate »