Многумина родители ќе се сложат дека нема ништо полошо од тоа кога ќе го земете детето со вас кога одите да пазарувате, а тоа цело време вика, вреска и е непослушно. Обично почнува од чоколадо кое го сака, па продолжува низ целиот дуќан. Покрај врескањето често пати ги исфрла работите од корпата. Што е најдобро да се прави во тој момент покажува приказната за еден дедо кој тргнал да пазарува со внукот.
Дедото имал полни раце работа, детето немилосрдно врескало покрај рафтовите со благо. Потоа и во делот каде е изложено овошјето, па во делот со житариците, соковите…Во меѓувреме, старецот одел по свој пат и повторувал со контролиран тон:„Полека Алберт, нема да трае уште долго. Полека, момче“.
Потоа следеше уште еден испад, а старецот мирно зборувал:„Се е во ред Алберт. Само уште неколку минути и ќе излеземе од тука. Држи се момче“.
На касата детето почнало да ги фрла работите од количката, а дедото повторувал:„Алберт, Алберт, опушти се пријателе. Не се вознемирувај. Дома сме за пет минути, Остани мирен Алеберт“.
Жена која сето тоа го набљудувала истрчала по нив на паркингот каде дедото ги сместувал намирниците и внукот во автомобилот.
-Знаете господине, знам дека не е моја работа, но вие бевте едноставни неверојатни таму. Не знам како успеавте цело време да останете прибран без оглед на тоа колку силно врескаше и ви пречеше во пазарувањето. Само мирно му повторувавте дека се ќе биде во ред. Алберт е многу среќен што токму вие сте негов дедо“, кажала жената.
Човекот и одговорил сосема неочекувано:
-Ви благодарам госпоѓо, но јас сум Алберт. Името на малиот терорист е Стив“, мирно објаснил.
(brightside.me)
Родители внимание: Како сектите преку видео игри ги врбуваат децата?