Необично стебло со големи квадратни листови кои служат како соларни панели, „израсна“ на сред Неверс. Овој град во централна Франција во понеделникот го престави првото европско е-дрво чии фотоволтаични листови ќе овозможуваат полнење на мобилните електрични уреди, сурфање на интернет или пак заштита од сончеви зраци.
Е-Дрво (еТree) потсетува на еколошка соларна клупа (Green Sun Rising Solar Benches) кој на корисниците им овозможува да се скријат под ладовина во топлите денови, да ги наполнат своите мобилни телефони или пак да се послужат со Wi-Fi hotspot.
Овој изум е плод од соработката на две компании, француска и израелска, чиј прототип e произведен во 2014. Се работи за еколошка скулптура чија цел е промовирање и подигнување на свеста за животната средина, како и воспоставување врска помеѓу заедницата и природата.
„Тоа е симбол на ангажманот на градската управа уште од 2014 година“, со гордост истакна градоначалникот на Неверс, Денис Туроа кој води сметка за развој на IT секторот во својот град.
Прво е-Дрво е поставено во 2014 година во Паркот на природата Рамат Хандиев во Израел. Тука го „засади“ израелската компанија за обновливи извори Sologic. Во 2015 година првото функционално е-Дрво претсавено е на UN конференцијата за климатски промени, одржана во Франција.