четврток, 9 февруари 2017
Следете не на FACEBOOK!!!
мкденес / Бизнис вести / Македонија / Најдобрите македонски готвачи се подготвуваат за нови походи: Следна дестинација за освојување медали - Светски готвачки натпревар во Турција (видео)
Ви благодариме!
готвачи

Најдобрите македонски готвачи се подготвуваат за нови походи: Следна дестинација за освојување медали - Светски готвачки натпревар во Турција (видео)

Здружените не професионални готвачи MACEDONIAN MULTIETNIC CULINARY CHEF’s – MMCC ,чии цели се афирмирање и унапредување на гастрономијата во Македонија, успешно ја промовираат нашата земја со умешноста и уметноста на готвењето за што веќе се закитија со 10 медали на Меѓународен гастрономски фестивал БХ Дукат 2016 активно се подготвува за следните гастрономски походи.

Имено, најдобрите готвачи/уметници од Македонија како следна дестинација каде ќе ги бранат боите на македонската гастрономска кујна во своите готвачки тефтери ја имаат Турција.

Најдобрите од Македонија ќе ги „одмерат“ силите и вкрстат рецептите со повеќе од 2000 готвачи од светот на Светскиот готвачки натпревар кој ќе се одржи во февруари во Турција, а за кој тие активно се подготвуваат и во овие празнични денови.

-Нашите следни планови се учество на светскиот натпреварот во Турција кој ќе се одржи во февруари 2017, а на кој ќе учествуваат 68 земји со над 2000 готвачи. Во февруари ќе учествуваме и на натпреварот Икар, а во мај напата дестинација е Словенија, вели Асан Даутовиќ гласноговорникот на здружението.

Како што велат најдобрите готвачи од Македонија подготвувањето за следните натпревари е еднакво на она кое го имаат спортистите и бара доста труд и време како и физичка и психолошка подготвеност. Нивниот слоган е „Сите за еден, еден за сите“, а доколку цениме според успехот кој досега го остварија нема сомнежи дека со ваков дух, талент,тимска работа, професионалност и организираност ветува уште многу медали и успеси.

Може да ве интересира

Сите македонски банкноти и монети од 1992 до 2016 (видео)

На Јутјуб се појави видео на кое се прикажани сите банкноти и монети од 1992 …