Даниел Дан и Марга Сол го промовираа заедничкиот сингл кој го носи името “Sunshine”.
Станува збор за нивна прва соработка, а комплетен автор на темата е Марга, која веќе долги години работи како диџеј и пушта музика и кај нас и во странство.
Синглот “Sunshine” е компониран, продуциран и напишан од познатата артистка и композиторка Марга Сол (Маргарита Сотировска).
Се работи за модерна, урбана денс-мелодија во категоријата „Tropical House“ придружена со прекрасниот вокал на македонскиот познат пејач Даниел Данн и придружните вокали на Марга Сол.
Изданието во прилог содржи и два ремикса од светски познат артист Project Blue Sun (радио и клупска верзија). Наскоро ќе следува и македонската верзија, придружена со официјален видеозапис.
Ексклузивно синглот е веќе во продажба во музичката онлајн-продавница „М-Сол рекордс“ .
На 24.8.2024 песната ќе се појави на iTunes, а на 1.9.2024 низ сите музички онлајн-продавници во светот.
Слушнете ја песната: