среда, 18 јануари 2017
Следете не на FACEBOOK!!!
мкденес / Забава / Занимливости / Непотврдени откритија: Тајната за настанокот на човекот се крие во источна Македонија
Ви благодариме!
neandertalac

Непотврдени откритија: Тајната за настанокот на човекот се крие во источна Македонија

Веста која беше апсолутен хит на социјалните мрежи и се ширеше со брзина на светлината. Ви ја пренесуваме во целост.

neandertalac

Македонските научници и палеонтолози укажуваат на локалитетот Стамер кај Делчево. По се изгледа се наоѓа тајната за настанокот на човекот и дел од еволуцијата кој досега не бил пронајден.

На тоа место е откриена единствената праисториска гробница на животни.

Фосили на праисториски животни стари повеќе од 10 000 години, кои денес живеат само во Африка, се најдени во близина на Делчево. Тука пред седум години била најден скалп на првата жирафа во Европа, остатоци на мастадонт и тигри како и питеринска фауна.

На оваа локација во март се откриени и фосилни остатоци на праисторискиот носорог стари од три до пет милиони години. Последното ледено доба настапи пред околу два милиони години.

526

„Со откривањето на коските на носорогот го завршуваме научното истражување за оваа година на локалитетот Стамер. Се надеваме дека во следниот период нашата институција ќе добие доволно пари за понатамошни истражувања“. Изјава на Ивица Здравков од Природно – научниот музеј на Македонија.

Праисториската гробница во близина делчевското село Стамер случајно во март пред седум години ја открил рударскиот инженер Љубе Митевски. Ова се случило по ерозија на земјиштето на површина се појавиле коски од праисториски животни.

Тогаш на светлината на денот пред очите на јавноста и науката биле изнесени фосилните остатоци и коски на жирафи, носорози, мастадонати, сабљести тигри и делови на праисториски носорог.

За откритието на инженерот Митевски прв се заинтересирал светски познат палеонтолог од Македонија, професор Ристо Гаревски.

Врз основ на старост на животинските остатоци тој заклучи дека на овие простори може да се најдат докази за неколку стадиуми на еволуцискиот континуитет за развојот на човекот. Одговара на тој период, а не и е познат на светската наука барем до сега.

Неговите претпоставки ги потврдиле и палеонтолозите Денис Жерард од Национален центар за научни истражувања во Париз. Истото го потврдил и Николај Спасов од Природно научен музеј на Бугарската академија на науки. Тие се согласни дека се работи за единствена масовна гробница со фосили на големи праисториски животни, за прв пат откриени во Европа.

„Научна вистина е дека животните кои сега ги сретнуваме во Африка, водат потекло од нашите простори. Слична судбина доживеале и предците на човекот, па затоа со право очекуваме дека ќе најдеме и остатоци на прачовек од период на негово оддалечување од човеколикиот мајмун“. Потврдува Светозар Петковски од Природно научниот музеј на Македонија.

Тој појаснува дека поради промената на климата во текот на изминатите милениуми овие животни се преселиле на југ, во потопли краишта.

Доколку се потврди дека барем дел од претставките на палеонтолозите, Стамер ќе биде претворен во македонски “јура парк“ на фосилни остатоци на праисториски животни.

Може да ве интересира

Трикови на експертите: Еве како да заштедите и до 50 евра на сметките за електрична енергија

Големиот мраз ја повлекува во минус и сметката за електричната енергија за време на зимскиот …

Translate »