Што е Пегасус?
И покрај тоа што веќе неколку годни работиме како институција верификувана од Министерството за образование и наука на РМ за посебната програма Англиски јазик за возрасни верификувана од Центарот за образование на возрасните, Пегасус ЕЛС е училиште за англиски јазик пред се за деца и младинци. Покрај стандардните програми за изучување на англискиот јазик со примена на интерактивна методологија и современа технологија во наставата, Пегасус ЕЛС е пионер во промовирањет на дигиталните вештини, преку неодамна реализираната програма - Дигитална писменост на англиски јазик за младинци.
Што претставува ваквата програма на англиски јазик и дигитална писменост?
Програмата претставува комбинирана настава по англиски јазик и компјутерски вештини со фокус на блогирањето како дигитална вештина, потоа веб дизајн и развој на веб содржини, видео едиција и продукција на краток филм, презентациски вештини и социјални мрежи. Целта беше да се направи еден интердисциплинарен пристап во промоција на дигиталните вештини кај младите со фокус на англискиот јазик како алатка за глобална комуникација. Оваа програма за прв пат беше воведена минатата учебна година во времетраење од 15 недели, или вкупно 30 часа комбинирана настава по англиски јазик и основни компјутерски вештини на зададените теми.
Дали има финални нешта изработени од учесниците на комбинираната настава?
Секако да, сите учесници работеа на конкретни проекти и резултатите се следни:
Училишен блог на тема Дигитална писменост: https://pegasuselsdigitalliteracy.wordpress.com/ тука може да се најдат и блоговите на учениците, потоа Веб страната насловена како Tetovo Youth http://tetovoyouth.pegasusels.com/about.html која беше дизајнирана од самите ученици како и видео: