Вака изгледа вистинската љубов во секојдневни ситуации:
Јужнокорејскиот уметник „Пуунг“ веќе со години прави прекрасни, човечки, топли илустрации кои сосема сигурно ќе ви го згреат срцето. Проектот на кој работи се вика „Љубовта е…“ и секој вторник објавува нова илустрација. Инспирацијата е секојдневниот живот во двојка. Успева да ја погоди вистинската смисла на животот, убавината во секојдневните моменти и оние мали животни радости кои бескрајно не радуваат.
Понекогаш и премалку обрнуваме внимание на нив. Затоа ваквите илустратори успеваат да не потсетат на тоа што е важно. Ви претставуваме 10 илустрации во кои Пуунг совршено покажува како изгледа вистинската љубов во секојдневните ситуации.
Толку е убаво едноставно да бидете заедно.
Прегратка без било каков повод.
Се грижите еден за друг.
Кога ќе заспиете во прегратка.
Чувство кога заедно готвите.
Подготвувате изненадување.
Меѓусебно си помагате.
Мислите еден на друг.
Пеете заедно.
Уживате во грицки пред телевизор до доцна во ноќта.