среда, 15 февруари 2017
Следете не на FACEBOOK!!!
мкденес / Иновации / Медицина и фармација / Ова се чорапите кои ќе ви го спасат животот (видео)
Ви благодариме!

Ова се чорапите кои ќе ви го спасат животот (видео)

Секоја година милиони луѓе кои живеат со дијабетес поминуваат низ големи проблеми со екстремитетите. Дијабетичните чирови на нозете се нешто што може да се спречи ако се третира на време. Ако потребата од третман е предоцна доаѓа до ампутација.

Една од главните начини преку кој може да се спречи појавата на чир е одржувае на телесната температура. Симптом на кожни инфекции е покачената телесна температура, а со тоа доаѓа појавата на чир.

Овие чорапи ја контролираат температурата на стапалата и ве заштитуваат од проблеми од ваков вид.

Чорапите ги откриваат малите рани кои во иднина можат да ви создадат голем проблем. Ви дозволуваат да сте мобилни и независни - појавата на чир на нозете ве заробува во кревет со месеци и единствената активност може да биде посета на болници. Чорапите се поврзани со вашиот смартфон преку апликација и на тој начин ќе бидете постојано известени и за најмалите промени кои можат да бидат алармантни.