Некои тврдеа дека тоа се дваесетите, некои триесетите, но научниците од Универитетот во Јута ги прецизираа најдобрите години да влезете во брак. Според резултатите, најдобри години за брак се оние помеѓу 28 и 35 години.
Имено, ако стапите во брак во споменатиот период, помала е веројатноста дека ќе се разведете во периодот кога ќе се приближите до 40-те, отколку што е тоа кога сте близу 30-те. Најверојатно е така бидејќи луѓето помеѓу 28-та и 35-та година веќе имаат стабилно работно место, ги надминале сите тинејџерски болки и веќе го сфаќаат животот далеку посериозно отколку што тоа било во нивните 20-ти години.
Научниците велат и дека не им било потребно многу време за да истражуваат на оваа тема, туку едноставно порачуваат да погледнете самите што се случило со брачните парови од вашата околина и самите да си го потврдите нивниот заклучок.