Ресенскиот сарај изграден како копија на “Hotel de ville de Paris” од Нијази бег, роден ресенчанец - Македонија Денес

Ресенскиот сарај изграден како копија на “Hotel de ville de Paris” од Нијази бег, роден ресенчанец

Facebook Twitter Pinterest Linkedin Google + Email
Опомена!!!

Ахмет Нијази бег [1873 -1913] не е само еден од водачите на Младотурската револуција, кој го нарачал, но никогаш не го дочекал целосното завршувањето на Ресенскиот сарај туку, Ахмет Нијази бег е и роден ресенчанец.

По своја волја, се приклучува на воената школа во Цариград, каде во 1897 година дипломира со почести и чин поручник, но не и мајор, како што се шпекулира, по што на свое барање до Султанот е прераспределен како администратор за Ресен.

Ресен во тоа време бил град од Битолскиот вилает и со самото тоа бил лоциран непосредно до трговската траса на Виа Игнација, па со тој факт, бил прилично трговски развиено населено место, кое во најдобрите години имало и до 20 анови за преспивање на патниците кои неможеле да си дозволат сместување во Битола.

И денес ресенчани се горди на својата чаршија, керамичката колонија, манастирот “Свети Ѓорѓи” [XII век] и секако сарајот на Ахмет Нијази за кого никаде не е наведено дека е нивни сограѓанин. Иако грешни се и неговата титула, година и место на смрт.

Нијази бег како млад офицер доаѓа дома, во Ресен, заслепен од убавините кои ги видел на Цариградскиот двор, кои пристигале од Франција, во која особено се вљубил и бил решен својот град да го направи мал Париз на Балканот.
Собирал разгледници, но и псиси кои му ги праќале од Париз, за архитектонските решенија од разни сфери кои планирал да ги имплементира во Ресен. И познато е дека тоа кај локалното население, често предизвикувало нервоза и незадоволство можеби во недоволната информираност, дека Нијази бег имал намера да им го олесни животот првенствено планирајќи инфраструктурни измени на патиштата и мостовите.

Познато е дека за својата идеја, да ја сруши старата ресенска чаршија во 1910 година, наишол на големо негодување од еснафлукот, кој едноставно неможел да опојми што значи уривање на постоечката чаршија и зошто е потребно градење на нова, кога и оваа си е добра, иако Нијази објаснувал дека новата ќе е со големи и широки улици слични на оние во Париз и поголеми дуќани. Нијази бег разлутен што наишол на отпор, во една ноќ запалил најмалку 40-тина дуќани на ресенскиот еснаф, и бил убеден дека ќе ја реализира својата идеја кога - тогаш, но неколку години подоцна загинал.

Ресенчани сепак го сакале, и поради неговата голема љубов кон градот, му го дале прекарот “ресенли”. Така од Ахмет Нијази бег бил познат како ресенчанецот Нијази бег кој пак за запалените дуќани им ја исплатил целата сума на име штета на секој еснаф или занаетчија посебно.

Иако Нијази бег сепак остварил дел од својата замисла, па во периодот од 1904 до 1909 година го започнал и скоро завршил градењето на ресенскиот Сарај, кој сакал да биде негова резиденција и дом, а во кој присутни биле елементите на европските историски стилови во архитектурата. Многумина мислеле дека тој е сличен на Версајскиот дворец, додека вистината е дека тој е мини копија на “Hotel de ville de Paris”.
Сарајот по ослободувањето од Османлиите редовно бил користен како команден и административен центар за Ресен и ресенско, од сите војски кои поминале тука, а денес е соодветно атрактивен, особено по обновите на кровот во 1982 година и целосната реставрација од 2005 година.

Објектот сам по себе е висок 25 метри, со површина од 4.800 квадратни метри внатрешен простор. Денес во зградата на сарајот е сместен Домот на култура на Ресен. Особено интересни детали од градбата е самиот мермер кој е носен од локалитетот Плочине кај село Болно, додека во основа сарајот архитектите во денешницата го опишуваат како симетрично решен централен дел и две странични крила [источно и западно] додека во вертикала е поделен на четири нивоа, и тоа подрумски дел, приземје, кат и поткровје.
Носечките столбови се со димензии од 40 до 85 сантиментри во дебелина. Изведени се од тврд материјал, печена тула и вар како врзно сретство. Меѓукатните конструкции се од челични профили исполнети со тула [ходници и холови] и дрвени греди кои се користени за останатите простории. Кровната конструкција на кубињата во целост била дрвена, но со реконструкцијата од 1982 година дрвото е заменето со челични профили.

Особено внимание е посветено на фасадното уредување, особено северната страна која е и главен влез, каде фасадното решение е расчленето по хоризонтала со венци и фризови, редоследно одработени, а по вертикала со пиластри кои завршуваат со капители.

Но Нијази бег никогаш не престојувал во сајарот. Неговата внатрешност небила готова. Но нема податоци ни што се случило со неговото семејство, како се знае дека во 1908 година во Цариград се оженил за Фарида, со која ги имал синовите Митхат[1911] и Саим[1913].

Грешна е и годината не неговата смрт, како и локацијата. Нијази бег како еден од носителите на Младотурската револуција е повикан на 17 април 1913 година во војна, да замине итно за Цариград. Од стратешки причини се решава тоа да го направи од пристаништето во Валона, денешна Албанија, а не Драч, како се смета, а бил убиен од страна на својот заштитник, за што е единствена мистерија затоа што нема податоци зошто. Според истражувањата гробницата на Нијази е подигната на местото каде е убиен во Валона, и постоеле информации дека своевремено имало и статуа која е подигната во негова чест.

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »